= Визија == 1.Вовед Модерните дигитални професии уште познати и како дигитални занаети се од голем интерес во денешно време. Овие професии им овозможуваат на луѓето да бидат креативни, да создаваат нови нешта и да решаваат реални проблеми. Од друга страна компаниите кои бараат луѓе кои работат ваков вид на професија, многу често се строги во избирањето на нови вработени и имаат долг процес на вработување. Токму овој проблем беше инспирација за создавање на една апликација на која луѓето ќе можат да соработуваат со индивидуи и компании на многу лесен и брз начин. На SkillHub секој човек кој има квалитетни вештини и вредно работи има можност да го покаже тоа така што ќе аплицира на понудените огласи, објавени од страна на индивидуи или компании. == 2.Позиционирање === 2.1.Дефиниција на проблем ||=Проблемот на||Долгиот и макотрпен процес на наоѓање на работа || ||=Ги засега||Сите дигитални занаетчии како:програмери, графички дизајнери, текстописци, преведувачи, маркетери, итн... || ||=Последици од проблемот||Способни и вешти луѓе остануваат без работа а трошат огромна количина на време за да стекнат знаење и вештини|| ||=Успешно решение би било||Веб апликација која ќе им овозможи на дигиталните занаетчии брзо и лесно да склучат соработка со клиенти || === 2.2.Позиција на пазарот ||=За група корисници||Сите граѓани над 16 години|| ||=Коишто||Сакаат да работат дигитален занает || ||=SkillHub||Е фриленс веб апликација || ||=Која овозможува||Едноставно аплицираење на огласи за работа или проект || ||=За разлика од||Стандарниот долг процес на вработување || ||=Нашиот продукт||Нуди можност за работа од било каде и било кога со апсолутна слобода на фриленсерот за менаџирање на неговата работа || == 3. Опис на засегнати страни === 3.1.Преглед ||=Име||=Опис||=Одговорност|| ||=Фриленсер||Лице кое бара работа||Може да аплицира на работни огласи|| ||=Работодавач||Лице кое објавува огласи за работа||Може да регрутира апликанти, да објавува огласи, да брише огласи и да ги менува|| ||=Развивачи на аплкацијата||Лица кои ја развиваат апликацијата и ги решаваат техничките проблеми||Да го решат секој проблем пријавен за апликацијата|| === 3.2. Корисничка околина Со цел користење на апликацијата потребно е сите корисници да поседуваат некаков електронски уред (компјутер, телефон, таблет итн...) и да ја побараат апликацијата во веб-прелистувач. Кога ќе пристапат до апликацијата на почетната страна ќе можат да добијат информации во врска со апликацијата, како таа функционира и како да се регистрираат. Доколку одлучат да се регистрираат тоа ќе можат да го направат со внесување на неколку податоци. При регистрација важно е корисникот да избере дали сака да биде регистриран како фриленсер или како работодавач. == 4. Преглед на производот === 4.1. Потреби и карактеристики ||= Потреби =||= Приоритет =||= Карактеристика =|| ||Регистрација и валидација на корисник||задолжително|| ||Најава на корисник||задолжително|| ||Зачувување на кориснички информации во база||задолжително|| ||Приказ на објавени огласи (клиент)||задолжително|| ||Приказ на достапни огласи за аплицирање (freelancer)||задолжително|| ||Аплицирање на оглас||задолжително||Пополнување на краток формулар|| ||Објавување, менување и бришење на оглас||задолжително|| ||Оценување на колега||задолжително|| ||Додавање на пари на профил (клиент)||нема да се реализира|| ||Повлекување на пари од профил (freelancer)||нема да се реализира|| ||Префрлување на пари од страна на клиентот на freelancer-от||нема да се реализира|| == 5. Други барања ||=Барање||=Приоритет|| ||Корисникот мора да има електронски уред за пристап до апликацијата||Задолжително|| ||Корисникот мора да има интернет||Задолжително|| ||Корисникот мора да има над 16 години||Задолжително||