= Дефинирање на проектот: [wiki:WikiStart СменоПланер] = == Членови на тим == * Бојан Гагалески - 226032 == Краток опис на проектот == [wiki:WikiStart СменоПланер] претставува веб апликација за управување со работни смени во повеќе-тенантно опкружување. Во базата на податоци ќе се чуваат информации за организациите, нивните локации и работни позиции, корисниците и нивните улоги, смените и шаблоните за смени, како и барањата за отсуство и замена на смени. Апликацијата е наменета за компании кои работат во смени на повеќе локации и имаат потреба од централизирано закажување. Системот поддржува два вида корисници: Scheduler (менаџер/администратор) кој го креира и управува распоредот, и Staff (вработен) кој го прегледува сопствениот распоред и поднесува барања. Секоја организација е целосно изолирана — нејзините корисници, локации, позиции и смени се видливи само во рамки на таа организација. == Детален опис на проектот == === За кого е наменета базата на податоци и проектот? === Базата и апликацијата се наменети за компании или организации (на пр. угостителски објекти, малопродажни синџири, здравствени установи) кои имаат вработени распоредени во смени на повеќе локации. Компанијата е сопственик на системот и го обезбедува како интерна алатка за своите менаџери и вработени. Нивната основна потреба е централизирано место за управување со распоредот, без неформална координација преку телефон или пораки. === Какви проблеми ќе решавате со вашата изработка? === СменоПланер го решава проблемот на неефикасна и расфрлана координација на работните смени. Менаџерите денес честопати користат Excel табели или хартија за распоред, замените на смени се договараат неформално и не се евидентираат, а барањата за отсуство се губат во e-mail или пораки. Апликацијата ги обединува сите овие процеси на едно место. === Какви видови корисници ќе имаат пристап? === Во системот постојат два типа корисници: * '''Scheduler''' (менаџер/администратор) — управува со организацијата, локациите, позициите и шаблоните за смени; креира и доделува смени; одобрува или одбива барања за отсуство и замена. * '''Staff''' (вработен) — го прегледува сопствениот распоред; поднесува барање за отсуство; нуди своја смена за замена или прифаќа туѓа. === Во што е различен вашиот предлог од постоечките решенија? === Слични развиени решенија се Deputy, When I Work и Homebase. За разлика од нив, [wiki:WikiStart СменоПланер] е поедноставен систем фокусиран исклучиво на основниот проблем — распоред, отсуства и замени — без непотребни модули и без висока цена по корисник. Дополнително, multi-tenant архитектурата со изолација по `organization_id` овозможува повеќе организации да го користат истиот систем независно една од друга. === Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација? === Се работи за веб апликација.