= 9. Дополнителни продуктни барања = == 9.1 Применливи стандарди == Треба да биде овозможено системот да работи само на Unix платформа бидејќи планирано е апликацијата да биде Веб и да работи на Unix сервер. Исто така, системот треба да ги исполнува стандардите за квалитет од ISO 9000 фамилијата, како и UL стандардите за безбедност. == 9.2 Системски барања == Системот не треба да има ограничувања на истовремениот број на корисници. Минималната Интернет конекција за да работи апликацијата 1 Mbit/s. == 9.3 Барања за перформанси == Потребно е апликацијата да враќа резултати до корисниците за помалку од 3 секунди. Исто така времето на освежување на апликацијата доколку серверот падне не треба да биде подолго од 10 секунди. == 9.4 Барања од околината == При потреба од некаква помош корисниците да имаат можност за отворање на постоечко упатство во кое е објаснето како и на кој начин се користи апликацијата, на кој начин да се справат доколку заглават на некое ниво од користењето на апликацијата и сл.