= Карактеристики на продуктот = == 5.1 Внесување нов вработен == Внесувањето на избраниот вработен е една од основните функционалности кои овој систем мора да ги поседува. Вработените мора да бидат внесени во системот со сите нивни податоци, токму она што оваа функционалност го нуди. == 5.2 Ажурирање вештина/талент на вработен == Секој вработен во компанијата е потребно да има статистика и податоци во врска со него, како и со неговите вештини и таленти, сработеното итн. Оваа функционалност го нуди токму тоа. Потребна е за полесно менаџирање како и чување на податоците и оцените на еден вработен. Оној вработен кој треба да се оценува од страна на човековите ресурси ќе биде избран и системот ќе му понуди можност за внесување, бришење и менување на неговите таленти и вештини. == 5.3 Ажурирање титула на вработен == Оваа функционалност е слична со претходната. Разликата е во тоа што тука се менува титулата на одреден вработен. Доколку добие промена на работното место истото ќе мора да се ажурира во системот, што се овозможува со оваа функционалност. == 5.4 Креирај титула == Претходната функционалност всушност е последица на оваа. Функционалноста за креирање титула мора да постои во системот со цел да се додаваат титулите и соодветно платата за секоја титула со цел истите да можат и да бидат доделувани на вработените од страна на системот. == 5.5 Креирај вештина/талент == Слично како и креирај титула, функцоналност која служи за додавање на вештини и таленти кои еден вработен би можел да ги изврши. Со помош на оваа функционалност подоцна се врши ажурирањето како и оценувањето на вработените. == 5.6 Отпуштање на вработен == Оваа функционалност е многу слична на претходната, со таа разлика што овде се отпушта некој вработен, при што се брише неговата титула. == 5.7 Пребарување вработени со одредени вештини == Пребарувањето исто така е многу важна функционалност за полесно снаоѓање при потреба на било каков вид на пребарување на вработен. Многу е корисна и ефикасна во врска со процесот на пребарување на вработени, го скратува времето на пребарување, како и нуди различни видови на пребарување како што се вештините, титулите, оцени итн., се со цел избирање на подобар и поадекватен кадар за извршување на одредени задачи, т.е. избирање вработени со одредени вештини.