<< [[wiki:WikiStart|Почетна]] << [[wiki:Vision|Визија - Содржина]] [[BR]] = Карактеристики на продуктот = == 5.1 Распишување конкурс за нов вработен == Кога компанијата има потреба од нов вработен, вработените од одделот за човечки ресурси е информиран со новата потреба на компанијата и затоа распишуваат конкурс, каде ги наведуваат потребните информации. Конкурсот се прикажува на почетната страна на web aпликацијата на овој систем. Со ова се зголемува опсегот на кандидати кои можат да аплицираат за работното место. == 5.2 Аплицирање == Кога на почетната страна на системот има објавено огласи, заинтересираните кандидати можат да аплицираат на истите. Притоа тие го одбираат посакуваниот конкурс и ја пополнуваат апликацијата, прикачуваат CV и ги зачувуваат податоците во базата. Со оваа функционалност се олеснува начинот на аплицирање на луѓето за ново работно место. == 5.3 Вработување == Вработувањето се комплетира со внесувањето на избраниот вработен во системот. Ова е една од основните функционалности кои овој систем мора да ги поседува. Вработените мора да бидат внесени во системот со сите нивни податоци, за потоа да можат истите да се пребаруваат. == 5.4 Промена на работна позиција == Промена на работната позиција на вработениот се случува кога некој вработен е унапреден на повисока позиција или има промена на пониска позиција. Па му се менува титулата на вработениот. Исто така доколку вработениот треба да добие одредени привилегии со промена на позицијата, администраторот го овозможува тоа. == 5.5 Отпуштање на вработен == Оваа функционалност е многу слична на претходната, со таа разлика што овде се отпушта некој вработен, при што се брише неговата титула и се менува неговиот статус во отпуштен и се внесува датум на отпуштање. == 5.6 Логирање на системот == Секој корисник на системот има корисничко име и лозинка и за користење на неговите функционалности, тој се логира на системот. Привилегиите и корисничката сметка ги доделува администраторот. == 5.7 Пребарување вработени со одредени вештини == Пребарувањето исто така е многу важна функционалност за полесно снаоѓање при потреба на било каков вид на пребарување на вработен. Многу е корисна и ефикасна во врска со процесот на пребарување на вработени, го скратува времето на пребарување, како и нуди различни видови на пребарување како што се вештините, титулите, оцени итн., се со цел избирање на подобар и поадекватен кадар за извршување на одредени задачи, т.е. избирање вработени со одредени вештини.