== 1. Вовед и цел Во однос на постојаниот развој на општеството од аспект на информатичката технологија, во Македонија недостасува единствено решение кое би овозможило едноставно пребарување низ понудите на угостителските објекти и различните начини на превоз. Нашиот проект има за цел да ги обедини возните редови на автобускиот и железничкиот превоз, како и понудите на приватните превозници во апликација која ќе биде едноставна за користење и ќе им овозможи на корисниците да ја одберат и организираат најсоодветната алтернатива за нив. Дополнително, од аспект на угостителство, апликацијата има за цел на давателите на услуги да им понуди едноставен и ефикасен начин за менаџирање со расположливите ресурси, кои корисниците ќе можат детално да ги излистаат и од далечина да ги резервираат потребните капацитети. == 2. Позиционирање === 2.1 Дефиниција на проблем ||=Тема на проблем =||Непостоење на апликација за преглед и резервирање на приватен превоз,како и единствено решение за резервација и преглед на понуди за сместување и ресторани|| ||=Кого засега =||Сите лица кои патуваат низ Македонија, како и сопствениците на угостителски објекти|| ||=Последица на =||Задоцнетиот развој на информатичката технологија во државата, неприфаќањето на новиот начин на функционирање од страна на граѓаните, недоволно развиен меѓуградски сообраќај|| ||=Успешно решение би било =||Веб апликација која би овозможила воедно менаџирање на патувањето(превозот), сместувањето и храната и ќе биде целосно прифатена од корисниците.|| === 2.2 Позиција на пазарот ||=За =|| Сите патувачи и сопственици на угостителски бизниси || ||=Кои =|| Имаат потреба од подобра координација на простор-услуга и помош при транспорт || ||=!TourMate =|| Е веб базирана апликација || ||=Која овозможува =|| Да се олесни организација на патувања низ Македонија || ||=За разлика од =|| Досега развиените апликации || ||=Нашиот продукт =|| Обединува две стопански гранки во едно, дополнително нуди помош и простор за развивање на локалните бизниси, како и овозможува полесно и подобро организирање на индивидуалните и групните патувања, со што претставува корисна апликација за секој човек во Македонија, без разлика дали е турист или Македонец || == 3. Опис на засегнатите лица === 3.1 Преглед ||=Име ||=Опис ||=Одговорности|| || Угостител || Сопственик на ресторан и сите видови на угостителски објекти || Внесување на простор за резервации како и мени за избор од корисникот || || Хотелиер || !Сопственик/Менаџер на хотелски објект || Внесува достапни капацитети во хотелот и управува со резервации || || Возач || Управител на патничко возило || Специфицира рута и дестинација како и капацитет за други сопатници || || Патувач || Корисник без возило кој патува || Да направи резервација или да се информира за достапни начини на превоз, сместување или угостителски објект || || Администратор || Корисник со напредни привилегии || Ажурирање на автобуски и железнички возни редови, разрешување проблеми кои не бараат интервенција од страна на развивачите, верификација на нововнесените субјекти || || Развивач на апликација || || Развивање и оддржување на апликацијата ||