Version 1 (modified by 3 weeks ago) ( diff ) | ,
---|
Oпис на проектот
TravelSage е веб-апликација, поточно еден иновативен концепт за паметен избор на локација за патување. Веб-апликацијата овозможува корисниците да ги истражат и изберат најсоодветните дестинации врз основа на нивните индивидуални желби, тековните временски услови, сезонските трендови и рецензии од други патници. Дополнително, корисникот ќе има пристап да добива понуди и препораки, земајќи ги во предвид и специфичните параметри како расположение, буџет, интереси и активности што корисникот сака да ги истражува.
Преку ажурирани информации за времето и искуствата на други патници, TravelSage го прави изборот на дестинација многу полесен и ги води корисниците до подобри одлуки за патување. Веб апликацијата комбинира интерактивни препораки, филтрирање според лични интереси и критички податоци за временските услови, создавајќи уникатно и персонализирано искуство за секој патник.
Што ќе овозможи за корисниците?
- Персонализирани препораки: Без разлика на изборот, дали преферирате авантура во природа или релаксација покрај море, TravelSage ќе ве води до дестинации што совршено одговараат на вашите интереси.
- Преглед и интеракција на рецензии: Можност за читање и анализа на рецензии од други патници, што ќе им овозможи потполна слика во практичната страна на патувањето (сместување, транспорт, локални услуги).
- Динамично филтрирање на дестинации: Пребарување врз основа на критериуми како што се буџет, сезони, временски услови и активностите што ги нуди локацијата.
- Листа на омилени дестинации: Ќе овозможи креирање на сопствени листи, т.е. поедноставен избор при следното патување.
Со овие функционалности, TravelSage ќе им овозможи на корисниците практично, корисно и целосно персонализирано искуство при планирањето на нивните патувања, кои ќе бидат базирани на нивните желби. Оваа веб апликација е вашиот паметен водич за следната авантура.
Детален опис на проектот
TravelSage е иновативна веб-апликација која овозможува персонализирани препораки за патувања според индивидуалните желби на корисниците. Веб-апликацијата овозможува избор на дестинации врз основа на повеќе фактори, како што се: временските услови, сезонските трендови, рецензии од други патници и специфични интереси. Корисниците ќе можат да пребаруваат активности кои сакаат да ги истражат, да го планираат буџетот и да го прилагодат изборот според своето расположение. Преку интерактивни алатки, платформата обезбедува уникатно искуство, вклучувајќи создавање листи за омилени дестинации и лесно филтрирање на опции.
За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институција/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби
TravelSage е наменет за туристички агенции, компании кои нудат патнички услуги, како но најмногу за индивидуални патници. Базата на податоци ќе биде управувана од фирма или организација која ќе обезбедува редовно ажурирање на податоците за временски услови, дестинации, рецензии и активности. Оваа услуга е наменета за подобрување на искуството на крајните корисници и олеснување на туристичките избори.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Апликацијата ги адресира честите предизвици со кои се соочуваат патниците: недоволно информации, застарени податоци и потешкотии во пронаоѓање дестинации кои одговараат на нивните желби. TravelSage ги комбинира информациите за времето, сезонските трендови и искуствата на други патници, создавајќи високо релевантни препораки.
Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
- Членство – стандард и премиум корисници
Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?
Иако на пазарот постојат апликации како TripAdvisor и Skyscanner, TravelSage се издвојува преку комбинацијата на персонализирани препораки, временски информации и податоци базирани на интересите на корисниците. Ова создава поинтерактивно и релевантно искуство за патниците.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
TravelSage ќе биде веб-апликација, оптимизирана за користење на мобилни уреди преку веб-прелистувачи.