Version 21 (modified by 13 days ago) ( diff ) | ,
---|
ЕР дијаграм
Ентитети и атрибути
- Дестинации – претставува основен ентитет кој ги опишува сите туристички дестинации достапни во апликацијата.
- идДест (примарен клуч): Уникатен идентификатор за дестинацијата.
- имеЛокација: Името на дестинацијата.
- описЛокација: Детален опис на дестинацијата.
- типовиМеста (повеќевредносен атрибут): Категоризација на дестинацијата (на пример, планина, плажа, град, село итн.).
- препорачанаСезона (повеќевредносен атрибут): Сезони во кои е препорачливо да се посети дестинацијата.
- просечнаТемп: Просечна температура за таа дестинација.
- геоЛокација: Географска позиција (координати).
- држава: Држава каде што се наоѓа местото.
- популарност: Рангирање базирано на број на посетители или рецензии.
- важниЛокации (сложен атрибут): Клучни места т.е. знаменитости што ја карактеризираат дестинацијата (на пример, музеи, паркови), кој има име и опис за соодветната локација.
- Корисници – ентитет кој ги претставува регистрираните корисници на апликацијата.
- идКорисник (примарен клуч): Уникатен идентификатор за секој корисник.
- логинИме: Уникатно име за најавување.
- еПошта: Електронска адреса на корисникот.
- телБр : Листа на телефонски броеви на корисникот.
- датумРаѓање: Датум на раѓање на корисникот.
- Стандард – ентитет кој е дијункнтно разложување со тотално учество на ентитетот Корисници што значи дека корисникот мора да е еден од двата понудени ентитети. Овој ентитет се однесува на корисниците кои ја користат апликацијата вообичаено, без никакви дополнителни претплатувања.
- Премиум – ентитет кој е дијункнтно разложување со тотално учество на ентитетот Корисници што значи дека корисникот мора да е еден од двата понудени ентитети.
- датумКреирање: Датум на креирање.
- попуст: соодветен процентуален износ за попуст за премиум корисници.
- Рецензии – ентитет кој ги опфаќа рецензиите што корисниците ги оставаат за дестинациите.
- идРецензија (примарен клуч): Уникатен идентификатор за рецензијата.
- корисничкоИме: Корисник што ја оставил рецензијата.
- квалитет: Оцена во форма на број или ѕвезди.
- забелешка: Текстуален коментар.
- датумРецензија: Датум на објавување.
- брГласови: Број на корисници што оставиле рецензија.
- Метеролошка состојба – ентитет што ги следи актуелните временски услови за секоја дестинација.
- идМетео (примарен клуч): Уникатен идентификатор.
- моментТемп: Моментална температура.
- состојбаВреме (повеќевредносен атрибут): Опис на временските услови (сончево, дождливо).
- предупредувања (повеќевредносен атрибут): Можни временски предупредувања (на пример, бура и сл.).
- влажност: Процент на влажност.
- ветер: Брзина на ветерот.
- месец: Месец за мерењето.
- Пакети – ентитет за туристички пакети кои содржат повеќе активности или услуги.
- идПакет (примарен клуч): Уникатен идентификатор за пакетот.
- имеПакет: Име на пакетот.
- цена: Вкупна цена на пакетот.
- времетраење (сложен атрибут): Временски период (почеток и крај).
- Активности – ентитет за индивидуалните активности достапни на дестинациите.
- идАктивност (примарен клуч): Уникатен идентификатор.
- имеАктивност: Име на активноста.
- информации: Детален опис.
- категорија (повеќевредносен атрибут): Категоризација (на пример, спортска, културна).
- износ: Цена за учество.
- Резервации - ентитет за резервациите што ги прават корисниците.
- идРезервација (примарен клуч): Уникатен идентификатор.
- временскаТочка: Датум на резервацијата.
- вкупнаЦена: Финална цена.
- Преференции – ентитет кој ги прикажува деталните преференции на корисниците во апликацијата. Овозможува прилагодување на содржината според интересите на секој корисник.
- идПреференца (примарен клуч): Уникатен идентификатор за секоја преференција.
- типПреференца (повеќевредносен атрибут): Список на различни типови преференции, како активности, дестинации или временски услови.
- приоритет: Важност на секоја преференца.
- Настани - ентитет кој опфаќа информации за сите настани што се одржуваат во достапните дестинации. Ги збогатува податоците со динамични и временски специфични активности.
- идНастан (примарен клуч): Уникатен идентификатор за секој настан.
- назив: Назив на настанот.
- видови (повеќевредносен атрибут): Категории или видови на настани, како културни, спортски или музички.
- почетенДатум: Датум кога настанот започнува.
- краенДатум: Датум кога настанот завршува.
- детали: Детален опис на настанот.
- Тагови - ентитет кој овозможува категоризација на дестинациите за подобро пребарување и пронаоѓање според интересите на корисниците.
- идТаг (примарен клуч): Уникатен идентификатор за секој таг.
- тагОзнака: Име на тагот што ја претставува категоријата.
Релации
- Корисници ↔ Рецензии (пишува)
- Кардиналност: 1:N
- Опис: Еден корисник може да остави повеќе рецензии, но секоја рецензија е поврзана со еден корисник.
- Корисници ↔ Резервации (направена)
- Кардиналност: 1:N
- Опис: Еден корисник може да направи повеќе резервации, но секоја резервација е поврзана со еден корисник.
- Корисници ↔ Преференци (посочува)
- Кардиналност: 1:N
- Опис: Еден корисник може да има повеќе преференции, а секоја преференца е поврзана со еден корисник.
- Дестинации ↔ Рецензии (располага)
- Кардиналност: 1:N
- Опис: Една дестинација може да има повеќе рецензии од различни корисници и секоја рецензија се однесува на одредена дестинација.
- Дестинации ↔ Метеролошка Состојба (поседува)
- Кардиналност: 1:N
- Опис: Една дестинација може да има повеќе записи за временските услови во различни периоди.
- Дестинации ↔ Активности (содржи)
- Кардиналност: 1:N
- Опис: Една дестинација може да содржи повеќе активности.
- Дестинации ↔ Настани (одржува)
- Кардиналност: 1:N
- Опис: Една дестинација може да има повеќе настани.
- Тагови ↔ Дестинации (има)
- Кардиналност: N:M
- Опис: Една дестинација може да има повеќе тагови, а секој таг може да биде поврзан со повеќе дестинации.
- Дестинации ↔ Пакети (вклучува)
- Кардиналност: 1:N
- Опис: Една дестинација може да биде дел од повеќе пакети, додека секој пакет е поврзан со една дестинација.
- Пакети ↔ Активности (сеОднесува)
- Кардиналност: N:M
- Опис: Еден пакет може да содржи повеќе активности, а една активност може да биде дел од повеќе пакети.
- Резервации ↔ Активности (опфаќа)
- Кардиналност: N:M
- Опис: Една резервација може да вклучува повеќе активности, додека секоја активност е поврзана со повеќе резервации.
- Рецензии ↔ Резервации (може)
- Кардиналност: 1:1
- Опис: Една рецензија е поврзана со една резервација, истото и во спротивната насока.
- Метеролошка Состојба ↔ Резервации (важиЗа)
- Кардиналност: 1:N
- Опис: Една временска состојба може да биде поврзана со повеќе резервации за една дестинација, но една резервација е поврзана со една временска состојба.
- Корисници ↔ Резервации ↔ Активности (препорака)
- Кардиналност: N:M:P
- Опис: Корисник може да остави повеќе препораки за различни дестинации. Една дестинација може да има повеќе препораки од различни корисници. Препораките чуваат атрибути: оцена, коментар и датум.
Attachments (8)
- logo.png (40.1 KB ) - added by 3 weeks ago.
-
TravelSage.drawio.png
(93.8 KB
) - added by 2 weeks ago.
ERModel
-
TravelSage (1).svg
(153.1 KB
) - added by 2 weeks ago.
ERModel
-
TravelSage (2).svg
(148.7 KB
) - added by 2 weeks ago.
ERModel
-
TravelSage.svg
(148.5 KB
) - added by 2 weeks ago.
ERModel
- TravelSage (1).2.svg (153.8 KB ) - added by 2 weeks ago.
-
TravelSage(final).svg
(156.4 KB
) - added by 13 days ago.
ERModel
-
TravelSageER.svg
(161.6 KB
) - added by 12 days ago.
ERModel
Download all attachments as: .zip
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.