wiki:ERModel

Version 24 (modified by 223270, 12 days ago) ( diff )

--

ЕР дијаграм

ERModel

Ентитети и атрибути

  • Дестинации – претставува основен ентитет кој ги опишува сите туристички дестинации достапни во апликацијата.
    • идДест (примарен клуч): Уникатен идентификатор за дестинацијата.
    • имеЛокација: Името на дестинацијата.
    • описЛокација: Детален опис на дестинацијата.
    • типовиМеста (повеќевредносен атрибут): Категоризација на дестинацијата (на пример, планина, плажа, град, село итн.).
    • препорачанаСезона (повеќевредносен атрибут): Сезони во кои е препорачливо да се посети дестинацијата.
    • просечнаТемп: Просечна температура за таа дестинација.
    • геоЛокација: Географска позиција (координати).
    • држава: Држава каде што се наоѓа местото.
    • популарност: Рангирање базирано на број на посетители или рецензии.
    • важниЛокации (сложен атрибут): Клучни места т.е. знаменитости што ја карактеризираат дестинацијата (на пример, музеи, паркови), кој има име и опис за соодветната локација.
  • Корисници – ентитет кој ги претставува регистрираните корисници на апликацијата.
    • идКорисник (примарен клуч): Уникатен идентификатор за секој корисник.
    • логинИме (сложен атрибут): Име и презиме за најава.
    • еПошта: Електронска адреса на корисникот.
    • телБр : Листа на телефонски броеви на корисникот.
    • датумРаѓање: Датум на раѓање на корисникот.
  • Стандард – ентитет кој е дијункнтно разложување со тотално учество на ентитетот Корисници што значи дека корисникот мора да е еден од двата понудени ентитети. Овој ентитет се однесува на корисниците кои ја користат апликацијата вообичаено, без никакви дополнителни претплатувања. Ќе ги содржи само сите атрибути на наткласата, а за додатни нема да има, бидејќи самиот ентитет не вклучува други атрибути.
    • идКорисник (примарен клуч): Уникатен идентификатор за секој корисник.
    • логинИме (сложен атрибут): Име и презиме за најава.
    • еПошта: Електронска адреса на корисникот.
    • телБр : Листа на телефонски броеви на корисникот.
    • датумРаѓање: Датум на раѓање на корисникот.
  • Премиум – ентитет кој е дијункнтно разложување со тотално учество на ентитетот Корисници што значи дека корисникот мора да е еден од двата понудени ентитети. Ќе ги содржи сите атрибути на наткласата, дополнително и сопствените.
    • идКорисник (примарен клуч): Уникатен идентификатор за секој корисник.
    • логинИме (сложен атрибут): Име и презиме за најава.
    • еПошта: Електронска адреса на корисникот.
    • телБр : Листа на телефонски броеви на корисникот.
    • датумРаѓање: Датум на раѓање на корисникот.
    • датумКреирање: Датум на креирање.
    • попуст: соодветен процентуален износ за попуст за премиум корисници.
  • Рецензии – ентитет кој ги опфаќа рецензиите што корисниците ги оставаат за дестинациите.
    • идРецензија (примарен клуч): Уникатен идентификатор за рецензијата.
    • корисничкоИме: Корисник што ја оставил рецензијата.
    • квалитет: Оцена во форма на број или ѕвезди.
    • забелешка: Текстуален коментар.
    • датумРецензија: Датум на објавување.
    • брГласови: Број на корисници што оставиле рецензија.
  • Метеролошка состојба – ентитет што ги следи актуелните временски услови за секоја дестинација.
    • идМетео (примарен клуч): Уникатен идентификатор.
    • моментТемп: Моментална температура.
    • состојбаВреме (повеќевредносен атрибут): Опис на временските услови (сончево, дождливо).
    • предупредувања (повеќевредносен атрибут): Можни временски предупредувања (на пример, бура и сл.).
    • влажност: Процент на влажност.
    • ветер: Брзина на ветерот.
    • месец: Месец за мерењето.
  • Пакети – ентитет за туристички пакети кои содржат повеќе активности или услуги.
    • идПакет (примарен клуч): Уникатен идентификатор за пакетот.
    • имеПакет: Име на пакетот.
    • цена: Вкупна цена на пакетот.
    • времетраење (сложен атрибут): Временски период (почеток и крај).
  • Активности – ентитет за индивидуалните активности достапни на дестинациите.
    • идАктивност (примарен клуч): Уникатен идентификатор.
    • имеАктивност: Име на активноста.
    • информации: Детален опис.
    • категорија (повеќевредносен атрибут): Категоризација (на пример, спортска, културна).
    • износ: Цена за учество.
  • Резервации - ентитет за резервациите што ги прават корисниците.
    • идРезервација (примарен клуч): Уникатен идентификатор.
    • временскаТочка: Датум на резервацијата.
    • вкупнаЦена: Финална цена.
  • Преференции – ентитет кој ги прикажува деталните преференции на корисниците во апликацијата. Овозможува прилагодување на содржината според интересите на секој корисник.
    • идПреференца (примарен клуч): Уникатен идентификатор за секоја преференција.
    • типПреференца (повеќевредносен атрибут): Список на различни типови преференции, како активности, дестинации или временски услови.
    • приоритет: Важност на секоја преференца.
  • Настани - ентитет кој опфаќа информации за сите настани што се одржуваат во достапните дестинации. Ги збогатува податоците со динамични и временски специфични активности.
    • идНастан (примарен клуч): Уникатен идентификатор за секој настан.
    • назив: Назив на настанот.
    • видови (повеќевредносен атрибут): Категории или видови на настани, како културни, спортски или музички.
    • почетенДатум: Датум кога настанот започнува.
    • краенДатум: Датум кога настанот завршува.
    • детали: Детален опис на настанот.
  • Тагови - ентитет кој овозможува категоризација на дестинациите за подобро пребарување и пронаоѓање според интересите на корисниците.
    • идТаг (примарен клуч): Уникатен идентификатор за секој таг.
    • тагОзнака: Име на тагот што ја претставува категоријата.

Релации

  • Корисници ↔ Рецензии (пишува)
    • Кардиналност: 1:N
    • Опис: Еден корисник може да остави повеќе рецензии, но секоја рецензија е поврзана со еден корисник.
  • Корисници ↔ Резервации (направена)
    • Кардиналност: 1:N
    • Опис: Еден корисник може да направи повеќе резервации, но секоја резервација е поврзана со еден корисник.
  • Корисници ↔ Преференци (посочува)
    • Кардиналност: 1:N
    • Опис: Еден корисник може да има повеќе преференции, а секоја преференца е поврзана со еден корисник.
  • Дестинации ↔ Рецензии (располага)
    • Кардиналност: 1:N
    • Опис: Една дестинација може да има повеќе рецензии од различни корисници и секоја рецензија се однесува на одредена дестинација.
  • Дестинации ↔ Метеролошка Состојба (поседува)
    • Кардиналност: 1:N
    • Опис: Една дестинација може да има повеќе записи за временските услови во различни периоди.
  • Дестинации ↔ Активности (содржи)
    • Кардиналност: 1:N
    • Опис: Една дестинација може да содржи повеќе активности.
  • Дестинации ↔ Настани (одржува)
    • Кардиналност: 1:N
    • Опис: Една дестинација може да има повеќе настани.
  • Тагови ↔ Дестинации (има)
    • Кардиналност: N:M
    • Опис: Една дестинација може да има повеќе тагови, а секој таг може да биде поврзан со повеќе дестинации.
  • Дестинации ↔ Пакети (вклучува)
    • Кардиналност: 1:N
    • Опис: Една дестинација може да биде дел од повеќе пакети, додека секој пакет е поврзан со една дестинација.
  • Пакети ↔ Активности (сеОднесува)
    • Кардиналност: N:M
    • Опис: Еден пакет може да содржи повеќе активности, а една активност може да биде дел од повеќе пакети.
  • Резервации ↔ Активности (опфаќа)
    • Кардиналност: N:M
    • Опис: Една резервација може да вклучува повеќе активности, додека секоја активност е поврзана со повеќе резервации.
  • Рецензии ↔ Резервации (може)
    • Кардиналност: 1:1
    • Опис: Една рецензија е поврзана со една резервација, истото и во спротивната насока.
  • Метеролошка Состојба ↔ Резервации (важиЗа)
    • Кардиналност: 1:N
    • Опис: Една временска состојба може да биде поврзана со повеќе резервации за една дестинација, но една резервација е поврзана со една временска состојба.
  • Корисници ↔ Резервации ↔ Активности (препорака)
    • Кардиналност: N:M:P
    • Опис: Корисник може да остави повеќе препораки за различни дестинации. Една дестинација може да има повеќе препораки од различни корисници. Препораките чуваат атрибути: оцена, коментар и датум.

Attachments (8)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.