=== Идни подобрувања (Future Work) ==== Подобрување на визуелизацијата на архитектурата Подготовка на ER/EER дијаграм, класен дијаграм и use case дијаграм ќе ја направи структурата и функционалностите на апликацијата полесно разбирливи за сите корисници, вклучително и нетехнички. ==== Хостирање на апликацијата во cloud Разгледување на cloud платформи (на пр. AWS, Azure или Google Cloud) би овозможило поголема достапност и стабилност, со можност за скалабилност доколку апликацијата се прошири. ==== Метрики и мониторинг Воведување на телеметрија и алатки за следење на метрики (на пр. Grafana) ќе овозможи увид во перформансите и употребата на апликацијата во реално време. ==== NoSQL база за независни податоци За податоци кои се често читаат или запишуваат и не се директно поврзани со релационните табли (на пр. usage metrics), воведувањето на NoSQL база како MongoDB би можело да го забрза пристапот и да овозможи поголема флексибилност. Во TravelSage, ова би можело да се користи за статистики и логови. ==== Итеративен развој и инкрементални подобрувања Продолжување на развојот во мали итерации, со фокус на минимални функционални целини, ќе овозможи постепено подобрување и оптимизација на апликацијата, следејќи професионален и практичен пристап за веб развој.