Version 1 (modified by 3 weeks ago) ( diff ) | ,
---|
Идни подобрувања (Future Work)
Подобрување на визуелизацијата на архитектурата
Подготовка на ER/EER дијаграм, класен дијаграм и use case дијаграм ќе ја направи структурата и функционалностите на апликацијата полесно разбирливи за сите корисници, вклучително и нетехнички.
Хостирање на апликацијата во cloud
Разгледување на cloud платформи (на пр. AWS, Azure или Google Cloud) би овозможило поголема достапност и стабилност, со можност за скалабилност доколку апликацијата се прошири.
Метрики и мониторинг
Воведување на телеметрија и алатки за следење на метрики (на пр. Grafana) ќе овозможи увид во перформансите и употребата на апликацијата во реално време.
NoSQL база за независни податоци
За податоци кои се често читаат или запишуваат и не се директно поврзани со релационните табли (на пр. usage metrics), воведувањето на NoSQL база како MongoDB би можело да го забрза пристапот и да овозможи поголема флексибилност. Во TravelSage, ова би можело да се користи за статистики и логови.
Итеративен развој и инкрементални подобрувања
Продолжување на развојот во мали итерации, со фокус на минимални функционални целини, ќе овозможи постепено подобрување и оптимизација на апликацијата, следејќи професионален и практичен пристап за веб развој.