== Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи\\ === Актери * **Ненајавен корисник** Лице кое има пристап само до општите информации, како што се листата на дестинации и основни детали, но ќе нема пристап за дополнителни препораки. * **Регистриран корисник** Корисник кој се најавил и има пристап до дополнителни функции, како разгледување на пакети, активности и настани, креирање на резервации, пристап до персонализирани препораки за дестинации врз основа на неговите интереси, после направена резервација и можност за оставање рецензија. === Сценарија * [wiki:Pochetna Почетна] На почетната страна се прикажуваат основни информации за веб-страницата, вклучувајќи секции како За нас и Контакт, како и случајно избрани дестинации достапни за корисници кои не се најавени. * [wiki:NajavaNaKorisnik Најава на корисник] Корисниците се најавуваат со внесување на своите податоци: име, презиме, телефонски број, е-пошта, датум на раѓање и избор помеѓу стандард или премиум корисник. Системот ги верификува внесените информации, и доколку тие се точни, се создава нов запис во базата на податоци. Потоа, корисникот добива пристап до персонализирани услуги. * [wiki:PrebaruvanjeDestinacii Пребарување на дестинации] Корисниците можат да пребаруваат дестинации според критериуми кои ги дефинираат според своите преференции. Дополнително, достапна е опција за филтрирање на резултатите за поефикасно пребарување. * [wiki:ListaDestinacii Приказ на дестинации] Системот прикажува листа на дестинации кои ги исполнуваат критериумите. За секоја дестинација е достапна можност за преглед на подетални информации. * [wiki:DetaliDestinacii Преглед на детали за дестинација] Со избор на дестинација од листата, системот прикажува детални информации за неа, вклучувајќи име, опис, држава, популарни тагови, релевантни настани, активности и достапни туристички пакети. Дополнително, се прикажуваат рецензии од други корисници, актуелните временски услови и можност за резервација. * [wiki:PregledNastan Настани] Корисниците можат да разгледуваат листа на настани поврзани со конкретната дестинација. * [wiki:PregledAktivnost Активности] Системот нуди информации за разни активности кои се достапни на избраната дестинација. * [wiki:PregledPaket Преглед на пакети] Корисниците имаат можност да ги разгледуваат туристичките пакети и да изберат оној кој најмногу одговара на нивните потреби. * [wiki:Rezervacija Резервација] Најавените корисници можат да направат резервација за избраната дестинација. Системот ја зачувува резервацијата во базата на податоци. По успешна резервација, корисниците добиваат можност да остават рецензија за дестинацијата. * [wiki:Recenzija Оставање рецензија] Само корисниците кои претходно направиле резервација за дестинацијата можат да остават рецензија. По реализирањето на резервацијата, корисникот добива пристап до форма за оценување, каде што може да внесе повратни информации за дестинацијата. Системот ја зачувува рецензијата во базата на податоци и истата станува достапна за идните посетители. === Најважни случаи на употреба * [wiki:NajavaNaKorisnik Најава на корисник] * [wiki:PrebaruvanjeDestinacii Пребарување на дестинации] * [wiki:DetaliDestinacii Преглед на детали за дестинација] * [wiki:Rezervacija Резервација]