== Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи\\ === Актери * **Ненајавен корисник** Лице кое има пристап само до општите информации, како што се листата на дестинации и основни детали, но ќе нема пристап за препораки. * **Регистриран корисник** Корисник кој се најавил и има пристап до дополнителни функции, како што се креирање на профил и резервации, пристап до персонализирани препораки за дестинации врз основа на неговите интереси, остава и прегледува рецензии за дестинации, попусти, најпопуларни пакети. === Сценарија * Регистрација на корисник Корисникот внесува свои лични податоци во форма за регистрација. Системот ги проверува внесените податоци и создава нов запис во базата на податоци. * Најава на корисник Корисникот внесува корисничко име и лозинка за да се најави. Системот ги верификува податоците и, ако се точни, овозможува пристап до персонализирани услуги. * Пребарување на дестинации Корисникот внесува критериуми за пребарување (пр. тип на дестинација, временски услови итн.). Системот прикажува листа на дестинации кои ги исполнуваат критериумите. * Преглед на детали за дестинација Корисникот избира дестинација од листата. Системот прикажува детали за дестинацијата, вклучувајќи рецензии и актуелни временски услови. * Оставање рецензија Најавениот корисник пополнува форма за оценување на дестинацијата. Системот ја зачувува рецензијата во базата на податоци. * Зачувување омилени дестинации Најавен корисник избира дестинација за зачувување. Системот ја додава дестинацијата во листата на омилени на корисникот. === Најважни случаи на употреба * Регистрација и најава на корисник Овозможува корисниците да создадат профил и да се најават за пристап до персонализирани услуги. * Преглед и резервација на пакети Корисниците можат да ги прегледуваат понудените пакети и да извршат резервации.