wiki:UseCaseModel

Version 15 (modified by 223270, 6 days ago) ( diff )

--

Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи

Актери

  • Ненајавен корисник

Лице кое има пристап само до општите информации, како што се листата на дестинации и основни детали, но ќе нема пристап за дополнителни препораки.

  • Регистриран корисник

Корисник кој се најавил и има пристап до дополнителни функции, како разгледување на пакети, активности и настани, креирање на резервации, пристап до персонализирани препораки за дестинации врз основа на неговите интереси, после направена резервација и можност за оставање рецензија.

Сценарија

Основни информации за веб-страната како about and contact, некои случајно избрани дестинации што ќе се прикажуваат за ненајавени корисници.

Корисникот внесува име, презиме, тел. бр., е-пошта, датум на раѓање, како и избор за стандард/премиум корисник. Системот ги верификува податоците, ако се во ред, создава нов запис во базата на податоци и овозможува пристап до персонализирани услуги.

Корисникот внесува критериуми за пребарување зависно од тоа што тој преферира, како и можност за филтрирање.

Системот прикажува листа на дестинации кои ги исполнуваат критериумите, како и можност со детален приказ на секоја од нив.

Корисникот избира дестинација од листата. Системот прикажува краток опис за неа, име, опис, држава и слични детали. Исто така, се вклучени и популарни тагови, настани, активности, пакети, рецензија, актуелни временски услови и можност за резервација за истата.

Корисниците можат да разгледаат листа од настани за дестинација.

Корисниците можат да гледаат активности за актуелната дестинација.

Корисниците можат да ги прегледуваат понудените пакети и да изберат некој од нив.

Најавениот корисник извршува резервација. Системот ја зачувува резервацијата во базата на податоци. Со веќе направена резервација корисникот добива можност и за пишување рецензија.

Најавениот корисник пополнува форма за оценување на дестинацијата. Системот ја зачувува рецензијата во базата на податоци.

Најважни случаи на употреба

Note: See TracWiki for help on using the wiki.