Version 2 (modified by 7 days ago) ( diff ) | ,
---|
Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи
Актери
- Ненајавен корисник
Лице кое има пристап само до општите информации, како што се листата на дестинации и основни детали, но ќе нема пристап за препораки.
- Регистриран корисник
Корисник кој се најавил и има пристап до дополнителни функции, како што се креирање на профил и резервации, пристап до персонализирани препораки за дестинации врз основа на неговите интереси, остава и прегледува рецензии за дестинации, попусти, најпопуларни пакети.
Сценарија
- Регистрација на корисник
Корисникот внесува свои лични податоци во форма за регистрација. Системот ги проверува внесените податоци и создава нов запис во базата на податоци.
- Најава на корисник
Корисникот внесува корисничко име и лозинка за да се најави. Системот ги верификува податоците и, ако се точни, овозможува пристап до персонализирани услуги.
- Пребарување на дестинации
Корисникот внесува критериуми за пребарување (пр. тип на дестинација, временски услови итн.). Системот прикажува листа на дестинации кои ги исполнуваат критериумите.
- Преглед на детали за дестинација
Корисникот избира дестинација од листата. Системот прикажува детали за дестинацијата, вклучувајќи рецензии и актуелни временски услови.
- Оставање рецензија
Најавениот корисник пополнува форма за оценување на дестинацијата. Системот ја зачувува рецензијата во базата на податоци.
- Зачувување омилени дестинации
Најавен корисник избира дестинација за зачувување. Системот ја додава дестинацијата во листата на омилени на корисникот.
Најважни случаи на употреба
- Регистрација и најава на корисник
Овозможува корисниците да создадат профил и да се најават за пристап до персонализирани услуги.
- Преглед и резервација на пакети
Корисниците можат да ги прегледуваат понудените пакети и да извршат резервации.