= Дефинирање на проектот == Членови на тимот ||= Име и Презиме ||= Индекс ||= Улога || || Стефан Грунески || 231226 || Координатор || || Марко Стаменковски || 231190 || Член на тимот || || Стефан Делев || 231078 || Член на тимот || == Краток опис на проектот Базата на податоци ќе управува со клучните аспекти на бизнисот за изнајмување, вклучувајќи клиенти, возила, резервации, изнајмувања, плаќања, вработени, и записи за одржување. Целта на проектот не е само да се дизајнира функционална шема на базата на податоци, туку и да се симулира реална средина со голем обем каде што се складираат и ефикасно се обработуваат големи количини на оперативни податоци. Целта на проектот е да се генерираат и управуваат со бази на податоци што содржат милиони записи низ неколку главни табели, како што се резервации, изнајмувања и плаќања. Овој голем обем на податоци му овозможува на тимот да истражува напредни концепти на базата на податоци, вклучувајќи стратегии за индексирање, оптимизација на барања и анализа на перформансите. == Детален опис на проектот === За кого е наменета базата на податоци и проектот === ** Системот е наменет за сите типови на корисници кој се полнолетни и имаат возачка дозвола. Потребите на компанијата вклучуваат: * Централизирано управување со резервации, изнајмувања возила и вработени. * Достапност на возилата во сите локации. * Динамични попусти и промоции. * Сеопфатна ревизија за финансиска и оперативна усогласеност. === Какви проблеми се решаваат со проектот === ** Финансиска ревизија: * Често сообраќајните казни пристигнуваат откако изнајмувањето е завршено. Системот го решава ова преку раздвојување на фактурата од трансакциите, овозможувајќи наплата на казни и по завршување на договорот. ** Тешкотии при следење на одржувањето и штетите на возилата * !MaintenanceRecord и !DamageReport даваат целосна историја, помагајќи во планирање на превентивно одржување и пресметување на вкупната цена на сопственоста. === Какви видови корисници ќе имаат пристап до системот === ** Системот ги содржи следниве видови на корисници: * Администратор: управуваат со базата и податоците. * Корисник: пребаруваат возила, вршат резервации, ги верификуваат своите возачки дозволи и ги прегледуваат своите фактури. * Гостин: може да прегледува достапни возила и локациите каде тие се наоѓаат. === Дали е тоа веб, мобилна и/или десктоп апликација? === Проектот ќе биде само веб апликација