| | 1 | |
| | 2 | == Краток опис на проектот |
| | 3 | |
| | 4 | Системот претставува веб апликација за управување со салон за убавина. Апликацијата се состои од корисници, термини, услуги и плаќања во организација која нуди различни видови сервиси. Главните корисници се регистрирани User сметки со различни Role улоги (администратор, вработен, клиент), кои преку веб интерфејс можат да креираат и управуваат со Appointment записи. Секоја услуга (Service) има дефинирано цена, времетраење и припаѓа на одредена Category, а може да биде дел и од Package со одреден максимум на користење. |
| | 5 | Корисниците можат да резервираат еден или повеќе сервиси во рамки на термин, да остават Review за искуството и да користат LoyaltyCard со поени за поволности. За секој термин се евидентира Status (закажан, потврден, откажан и сл.) и поврзани Payment записи со износ, метод и статус на уплата. На овој начин системот обезбедува централизирано и структурирано управување со корисници, резервации, пакети, лојалност и финансиски трансакции. |
| | 6 | |
| | 7 | == Детелен опис на проектот |
| | 8 | |
| | 9 | Venus Beauty претставува веб-базирана платформа за управување со резервации, услуги и клиентски односи во салони за убавина. Системот овозможува клиенти да закажуваат термини за услуги (фризерски, нега на лице, масажи), администратори да управуваат со распоредот, цени и пакети, додека лојалносната програма мотивира повторени посети преку поени и попусти. Базата на податоци ги складира сите информации за корисници, термини, услуги, плаќања и рецензии во релациона структура за ефикасно пребарување и изготвување извештаи. |
| | 10 | |
| | 11 | === За кого е наменета базата на податоци и проектот |
| | 12 | |
| | 13 | Проектот Venus Beauty е наменет за сопственици на бизниси кои нудат услужни дејности, фризерски салони и салони за убавина кои сакаат дигитално да го автоматизираат закажувањето и управувањето со клиенти. Системот може да се користи од: |
| | 14 | |
| | 15 | * сопственици кои следат приходи и перформанси, |
| | 16 | |
| | 17 | * вработени кои управуваат со дневниот распоред, |
| | 18 | |
| | 19 | * индивидуални клиенти кои бараат лесно закажување на термини онлајн |
| | 20 | |
| | 21 | Базата служи како централен репозиториум за резервации, трансакции и клиентски податоци, овозможувајќи анализа на популарноста на услугите и клиентското задоволство. |
| | 22 | |
| | 23 | |
| | 24 | === Какви проблеми во фирмата или организацијата се решаваат со проектот |
| | 25 | |
| | 26 | Venus Beauty ги решава следниве проблеми во салоните: |
| | 27 | |
| | 28 | * рачно водење на дневник за термини што предизвикува двојни закажувања и забуна, |
| | 29 | |
| | 30 | * отежнато следење на приходи и користење на пакети/попусти, |
| | 31 | |
| | 32 | * слаб увид во клиентските преференци и лојалност, |
| | 33 | |
| | 34 | * недостаток на онлајн пристап за клиенти надвор од работно време. |
| | 35 | |
| | 36 | Со автоматизација, системот подобрува организација, зголемува приходи и го зголемува задоволството на клиентите преку персонализирани понуди. |
| | 37 | |
| | 38 | === Какви видови корисници ќе имаат пристап до системот |
| | 39 | |
| | 40 | Системот предвидува следниве типови корисници: |
| | 41 | |
| | 42 | * Администратор – целосен пристап за додавање услуги, пакети, категории и управување со сите термини и плаќања. |
| | 43 | |
| | 44 | * Клиент (User) – регистрира профил, закажува термини, остава рецензии и следи лојалносни поени преку LoyaltyCard. |
| | 45 | |
| | 46 | * Вработен / Менаџер – преглед и промена на термини, статус и плаќања преку веб интерфејс. |
| | 47 | |
| | 48 | Проектот е прошируван со можности за рецензии, извештаи за приходи и интеграција со платформи за плаќање. |