== Упатство за користење на апликацијата и приказ на главните делови од неа * Апликацијата се пристапува на localhost:9090. Првиот екран кој се прикажува при пристан на апликацијата е Log-In Screen. На корисникот му се дава опција да се најави или регистрира со внесување на податоците во дадените полиња. Доколку не сакате да се регистрирате, слободно да го искористите корисникот со Username/Password комбинација „Person/Person“. Доколку корисникот не сака да се најави или регистира, ќе може само да ги прегледа само филмовите, актерите, дискусиите и останатите податоци на системот, но не и да ги менува. [[Image(login_screen.png)]] {{{#!html
Слика 1. Приказ на екран за најава
}}} * По успешната најава, на корисникот му се покажува листата филмови во форма на редици и колони, прикажани во картички. [[Image(movies_list.png)]] {{{#!html
Слика 2. Приказ на екран за филмови
}}} * Приказ на листата филмови откако корисникот ги одбира омилените филмови или оние кои не му се допаѓаат преку клик на соодветната икона срце. [[Image(movies_list_2.png)]] {{{#!html
Слика 3. Приказ на екран за филмови со вршење на акција допаѓање на филм и обратно
}}} * Корисникот може да филтрира филмови врз база на наслов или даден жанр преку клик на копчето „Прикажи филтрирање“ и внесување на податоците во полињата кои се појавуваат. На сликата, листата филмови е филтрирана според насловот што ја содржи целосно или само дел од внесената вредност. [[Image(movies_list_3.png)]] {{{#!html
Слика 4. Приказ на екран со филтрирани филмови
}}} * На екранот со приказот на листата на филмови, при клик на копчето „Додади нов филм“ се отвара екран за додавање на филм, каде може се внесуваат информациите како наслов, оцена, Опис, Линк до постер (слика) на истиот, датум кога бил издаден или прикажан во кино, оцена која ја добил, како и режисерот, актерите кои глумеле во него, и тоа од кој жанр припаѓал. Насловот, описот, датумот и линкот на сликата се задолжителни информации и мора да бидат внесени. По успешно додавање, се појавува екранот со филмови. [[Image(add_movie_screen.png)]] {{{#!html
Слика 5. Приказ на екран за додавање филм
}}} * Филмот кој погоре е додаден, сега е видлив во листата филмови. [[Image(movie_added.png)]] {{{#!html
Слика 6. Приказ на екран на додаден филм
}}} * При клик на копчето „Дискусии“ од навигациско мени, се појавува екран, каде се прикажани сите дискусии кои се поставени на системот. Преку клик на насловот на дискусијата, се прикажуваат информациите на дискусијата и нејзините реплики. Воедно, копчето „Реплицирај“, одведува нов екран, за додавање реплика на дискусијата. [[Image(discussions_1.png)]] {{{#!html
Слика 7. Приказ на екран за дискусии
}}} * Приказ на екранот откако најавениот корисник ги разгледал дискусиите и оставил допаѓања на тие кои му се допаднале, при соодветен клик на иконата срце. [[Image(discussions_2.png)]] {{{#!html
Слика 8. Приказ на екран за дискусии на вршење акција допаѓање на дискусија
}}} * Приказ на екран за дадена дискусија. Доколку најавениот корисник е креатор на некоја од репликите, истиот има можност да ги промени или избрише. [[Image(discussion-description.png)]] {{{#!html
Слика 9. Приказ на екран за дадена дискусија
}}} * Приказ на екран за додавање на реплика за дадена дискусија. По успешно додавање на репликата, се покажува екранот со информациите за дадената дискусија. [[Image(reply-add.png)]] {{{#!html
Слика 10. Приказ на екран за додавање реплика за дадена дискусија
}}} * При клик на копчето „Додади дискусија“, се појавува приказ на екран за додавање на дискусија. Се внесуваат насловот, описот, типот на дискусија(филм или личност) и соодветно се избира личноста или филмот. Сите полиња се задолжителни. По успешно додавање, се пренасочува кон екранот на дискусиите. [[Image(discussion_add_screen.png)]] {{{#!html
Слика 11. Приказ на екран за додавање дискусија
}}} * Дискусијата која погоре е додадена, е видлива во листата дискусии. [[Image(discussion_added.png)]] {{{#!html
Слика 12. Приказ на екран на додадената дискусија
}}} * При клик на копчето „Актери“ од навигациско мени, се појавува екран, каде се прикажани сите актери кои се поставени на системот. Најавениот корисник може да ги прегледа дискусиите за дадениот актер, да додаде оценка за актер, да избрише актер и да ги промени податоци за дадениот актер преку соодветните копчиња. При клик на името на актерот се отвара нов екран со проширени информации за дадениот актер, како што се филмови каде играл и оцените кои ги добил од останатите најавени корисници. [[Image(actors-list.png)]] {{{#!html
Слика 13. Приказ на екран на актери
}}} * При клик на копчето „Режисери“ од навигациско мени, се појавува екран, каде се прикажани сите режисери кои се поставени на системот. Најавениот корисник може да ги прегледа дискусиите за дадениот режисер, да додаде оценка за режисер, да избрише режисери да ги промени податоци за дадениот режисер преку соодветните копчиња. При клик на името на режисер, се отвара нов екран со проширени информации за дадениот режисер, како што се филмови каде е режисер и оцените кои ги добил од останатите најавени корисници. [[Image(directors-list.png)]] {{{#!html
Слика 14. Приказ на екран на режисери
}}} * При клик на копчето „Додади Актер или Режисер“ на приказот на актери или режисери соодветно, се појавува екран со кој додаваме актер или режисер, каде седа внесуваат информациите како што се името, презимето, описот на човекот и неговата кариера, дали е од тип актер или режисер, линк до слика од човекот, како информации кога е роден и во кои филмови има глумено. Сите информации се задолжителни. На сликата подолу е прикажано додавање на актер. По успешно додавање, се прикажува актерите или режисерите соодветно. [[Image(person_add_screen.png)]] {{{#!html
Слика 15. Приказ на екран за додавање на актер и режисер
}}} * Приказ на актерот додаден во претходната форма, сега видлив во листата актери, но не во листата режисери. [[Image(person_added.png)]] {{{#!html
Слика 16. Приказ на екран на додадениот актер
}}} * Приказ на екран каде е видливо дека додадениот актер од претходно, е во листата на актери кои глумеле во филмот, видливо при прегледување на филмот во детали (при клик на картичката). Детален преглед на филм се добива при клик на насловот на тој филм. [[Image(movie_details_screen.png)]] {{{#!html
Слика 17. Приказ на екран за детални информации на даден филм
}}} * Приказ на екран каде се видливи информациите за одреден корисник, во случајот „Тест Тестовски“, каде може да се видат работи како што се жанровите кои му се допаѓаат, филмовите кои му се допаднале на одредениот корисник, како и дискусиите и репликите кои ги оставил, и оцените на филмови и личности кои ги оставил. До овој екран, се пристапува преку клик на корисничкото име на даден корисникот. [[Image(profile_screen.png)]] {{{#!html
Слика 18. Приказ на екран за детални информации на даден корисник
}}} * Приказ на екранот кој е видлив при додавање оцена за некој актер или режисер или филм, во случајот режисер. [[Image(person_rating.png)]] {{{#!html
Слика 19. Приказ на екран за додавање оцена на актер или режисер или филм
}}} * Приказ на оцената оставена во претходниот екран, сега видлива во листата оцени за режисерот. [[Image(person_ratings.png)]] {{{#!html
Слика 20. Приказ на екран за додадената оцена на режисерот
}}} * При клик на копчето „Жанрови“ на навигавицско мени, се прикажуваат жанровите кои се ставени во системот. Најавениот корисник, со клик на иконата срце, соодветно избира дали му се допаѓа или не дадениот жанр. [[Image(genres-list.png)]] {{{#!html
Слика 21. Приказ на екран за жанрови
}}} == Напредни извештаи * Приказ на напреден извештај во однос препораки на филмови. Истиот се добива на најавен корисник, при клик на линкот Омилена листа. [[Image(favourite-list.png)]] {{{#!html
Слика 22. Приказ на екран за препораки на филмови
}}} * Приказ на напреден извештај во однос на најдискутирани филмови по години. Истиот може да се прегледа на http://localhost:9090/graphql/movie при клик на прикажи Најдискутирани филмови. [[Image(most-disscused-movies.png)]] {{{#!html
Слика 23. Приказ на екран за најдискутирани филмови по години
}}}