= Дефинирање на проектот = == Краток опис на проектот == Проектот е надградба на тековниот е-дневник кој што се користи во основните и средните училишта низ земјата. Проектот има едноставен и подобрен дизајн, со дополнителни карактеристики како што се: објавување на соопштенија од страна на класниот раководител и web3 плаќање. Сега благајниците на училиштата можат да креираат барање за плаќање (за екскурзии, здравствено осигурување, плаќање за некој настан, и.т.н.), а родителите можат да поврзат Meta Musk wallet и да го извршат плаќањето во различни криптовалути. == Детален опис на проектот == ** За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?** Министерството за образование ја поседува базата на податоци и управува со апликацијата. **Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?** Доколку е потребно некое плаќање, пример за осигурување, мебел или инвентар за училницата или училиштето, екскурзии и.т.н., најчесто тоа оди преку благајник - ученик кој што е избран од страна на одделението. Најчесто тие пари се чуваат небезбедно и доведува до кражба или губење на истите. Со помош на плаќање преку криптовалути, ќе се води статистика за сите финансиски средства кој се случуваат во училиштата. **Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?** Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници: * Директор на училиштето/Админ - тип на администратор кој што ќе може да креира родители, благајници, ученици и класни раководители. * Администратор на МОН - корисник кој ќе може да креира директори/тип на администратори на училиштето и да гледа статистика за различни училишта. * Благајник на училиштето – корисник кој што ќе објавува барања и соопштенија за плаќање. * Родители – корисници кои ќе можат да пристапат до оценките, распоредот и форумот на наставникот. * Класен раководител - Корисник кој ќе објавува соопштенија, оценки и распоред на учениците. ** Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?** Постои е-дневник кој што е изработен од страна на Министерството за образование и наука и се користи во основните и средните училишта, но предлогот претставува надградба со воведување на блокчејн како технологија. **Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?** Веб апликација.