| 1 | = Визија = |
| 2 | == Вовед |
| 3 | Живееме во дигитално време, период во кој технологијата и автоматизацијата играат централна улога во секојдневното работење и донесувањето одлуки. Дигиталното време се одликува со брз пристап до информации, автоматизирани процеси и зголемена поврзаност, што овозможува поефикасно управување со ресурси и оптимизација на деловните операции. |
| 4 | [[BR]] |
| 5 | Во овој контекст, ефикасното управување со магацини станува од клучно значење за подобрување на точноста на залихите, намалување на човечките грешки, подобра контрола на ресурсите, следење на трошоците, предвидување на следните набавки како и зголемување на ефикасноста. Воведувањето на дигитална евиденција не само што обезбедува побрз и поефикасен пристап до податоците, туку и придонесува кон подобра анализа, оптимизација на процесите и информирано донесување одлуки. Со користење на современи технолошки решенија, компаниите можат да постигнат повисоко ниво на прецизност и автоматизација во управувањето со магацинските процеси. |
| 6 | [[BR]] |
| 7 | Системот за менаџирање на ресурси во магацин (ZineMaster) е осмислен да обезбеди дигитална трансформација и поедноставување на секојдневните работни процеси и одговорности. Со негова имплементација, компаниите ќе можат да го оптимизираат работењето со производите, како и да ја подобрат организацијата за предвидување на потребни дополнувања на залихите. |
| 8 | [[BR]] |
| 9 | == Позиционирање |
| 10 | === Дефиниција на проблем === |
| 11 | ||=Тема на проблем =|| Процесот на водење контрола на залихите и ресурсите во магацините може да е сложен, подложен на грешки и недоволно ефикасен. Голем број компании се соочуваат со тешкотии при следење на сопствените ресурси, што води до оперативни загуби и намалена продуктивност. || |
| 12 | ||=Ги засега =|| Сите менаџери и големи компании со сопствени магацински капацитети. || |
| 13 | ||=Со следните последици =|| Грешки при рачно пресметување на залихите, зголемен ризик на кражба и неправилно користење на ресурсите(недостаток на соодветна документација), недоволна контрола брз протокот на материјали што води до доцнења. || |
| 14 | ||=Успешно решение би било =|| Користење на онлајн интегриран систем со кој лесно можат да водат евиденција за сите залихи како и историја на трансакции и следење на движењата во магацинот. || |
| 15 | [[BR]] |
| 16 | === Позиционирање на пазарот === |
| 17 | ||=За група корисници =|| Менаџери на големи компании со комплексен магацински систем || |
| 18 | ||=Кои =|| Имаат потреба од детален увид во залихите || |
| 19 | ||=ZineMaster =|| Е веб систем || |
| 20 | ||=Која овозможува =|| Лесна евиденција и контрола на залихите || |
| 21 | ||=За разлика од =|| Традиционалниот начин на водење евиденција(рачно) || |
| 22 | ||=Нашиот продукт =|| Нуди леснотија и сигурност во контрола и евиденција на сопствените залихи || |
| 23 | == Опис на засегнати лица |
| 24 | === Преглед === |
| 25 | ||=Име =||= Опис =||=Одговорности =|| |
| 26 | ||=Администратор на залихи =|| Корисник кој ќе може директно да ја менува количината на секоја залиха, да додава и брише залихи, да нарачува и да одобрува други нарачки ||Директно менуваната количина да е веродостојна и одобрување/одбивање на нарачки || |
| 27 | ||=Вработен =||Корисник кој ќе може да нарачува продукти||Нарачување на време на потребните продукти|| |
| 28 | ||=Менаџер =||Клиентот кој ќе го купи системот||Стратешко планирање|| |
| 29 | ||=Администратор за корисници =||Корисник кој ќе може да додава и да одзема дозволи на вработени и администратори за залихи||На време да ги ажурира кој се вработени, а кој се администратори на залихи|| |
| 30 | |
| 31 | === Корисничка околина === |
| 32 | Системот ќе е со едноставен интерфејс кој ќе овозможува максимална ефикасност во евиденција на залихите .Секој корисник ќе мора да се најави/регистрира пред да може да ги види залихите. Ќе опслужува три вида на корисници: администратор на залихи, администратор на корисници и вработен. Корисниците ќе можат да го пристапат од компјутерот во магацинот. Единствено ограничување е пристап до интернет. |
| 33 | |
| 34 | == Преглед на производот |
| 35 | |
| 36 | === Потреби и карактеристики === |
| 37 | ||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =|| |
| 38 | || Информација за достапни залихи ||= Must have =|| Информации за сите залихи и количина на истите || |
| 39 | || Историја на сите нарачки ||= Must have =|| Дел каде што можат да се видат сите досегашни нарачки од магацинот || |
| 40 | || Најава ||= Must have =|| Најава на корисник како администратор или вработен || |
| 41 | || Нарачката да се одобрува ||= Should have =|| Секоја нарачка ќе треба да чека некој администратор на залихи да ја одобри пред да биди испорачана || |
| 42 | || Ресетирање на лозинка ||= Could have =|| Вработениот да може да ја ресетира ако ја има заборавено лозинката || |
| 43 | || Можност за порачка на потребни залихи ||= Must have =|| Да може корисникот да нарачува залихи кој му се потребни || |
| 44 | || Можност за давање на дозвола за вработен да стане администратор ||= Could have =|| Да може администратор да даде дозвола на вработен да ги има истите функционалности како администратор || |
| 45 | || Бришење и додавање на залиха ||= Must have =|| Да може да се менува кој залихи се достапни || |
| 46 | || Бришење и додавање на корисници ||= Must have =|| Да може да се менува кој може да е корисник на системот || |
| 47 | || Статистичка анализа на залихи ||= Could have =|| Графички преглед на најупотребуваните залихи || |
| 48 | || Бар-код поддршка ||= Won’t have =|| Секој продукт да има бар-код кој ќе може да се скенира за да се пристапи до истиот полесно || |
| 49 | === Други барања === |
| 50 | ||= Барање =||= Приоритет =|| |
| 51 | || Пристап до интернет ||= Must have =|| |
| 52 | || Веб прелистувач ||= Must have =|| |