﻿id	summary	reporter	owner	description	type	status	priority	milestone	component	version	resolution	keywords	cc
1	Дефинирање на проектот	213231	somebody	"Truck Simulator е апликација за целосно менаџирање на продажба и изнајмување на камиони, како и за одржување на врските со клиентите и вработените. Секој корисник (клиент или вработен) мора да се регистрира со е-пошта, име, презиме, телефонски број, адреса и број на лична карта или патничка исправа (пасош). Потоа, клиентите можат да ги прегледуваат камионите на располагање, да купуваат или изнајмуваат камиони и да оставаат фидбек за услугата.

Камионите можат да бидат на располагање за продажба или изнајмување, при што за изнајмувањето се дефинираат временски периоди (на пр., дневно, неделно, месечно). Секој вработен има своја сметка на апликацијата и може да ги процесира нарачките на клиентите, да додава нови камиони и да внесува информации за одржување на камионите.

Секој камион е опишан со детали како модел, година на производство, цена за продажба, цена за изнајмување и статус (дали е достапен, продаден или изнајмен). Исто така, секој камион има историја на одржување, каде се запишуваат сите сервисирања и поправки.

Клиентите, по завршената услуга, можат да остават фидбек за камионот и услугата, кој вклучува оценка (од 1 до 5 ѕвезди) и коментар. Вработените  од одделението за одржување се задолжени за внесување на податоци за сервисирање и поправки, како и за следење на статусот на камионите (дали се активни или неактивни поради одржување).

Апликацијата овозможува ефикасно менаџирање на процесите на продажба, изнајмување и одржување."	defect	new	major		component1				
