| | 1 | = Domify |
| | 2 | |
| | 3 | == Членови на тимот |
| | 4 | |
| | 5 | ||= Име и Презиме ||= Индекс ||= Улога || |
| | 6 | || Стефан Новковски || 221012 || Координатор || |
| | 7 | || Христијан Јовановски || 221071 || Член на тимот || |
| | 8 | || Милош Кировски || 221058 || Член на тимот || |
| | 9 | |
| | 10 | == Краток опис на проектот |
| | 11 | Domify претставува веб-апликација наменета за целосно управување со процесите поврзани со изнајмување на недвижности. Корисници на системот ќе бидат администратори, издавачи на недвижности, изнајмувачи и агенции. |
| | 12 | |
| | 13 | '''Изнајмувачот на недвижности''' ќе може да се најави на системот и да се регистрира како изнајмувач, потоа истиот ќе може да ги гледа сите активни понуди за недвижностите, кога истите се прикачени, која е цената за изнајмување на недвижноста, кој е издавачот на недвижноста. |
| | 14 | Изнајмувачите ќе можат да склучуваат договори за изнајмување директно преку платформата, а плаќањата на киријата ќе се евидентираат како месечни трансакции. Преку оваа апликација изнајмувачите ќе може директно да комуницираат со издавачите на недвижности, со кои имаат склучено договор, и ќе им биде овозможено пријавување на проблеми преку тикет систем. |
| | 15 | |
| | 16 | '''Издавачите на недвижности''' ќе имаат можност да додаваат и управуваат со недвижности, вклучително и да креираат различни типови објекти. Издавачите ќе можат да ги гледаат сите склучени договори со различни изнајмувачи, со што оваа апликација би овозможила централизирано управување со повеќе договори со изнајмувачи. |
| | 17 | |
| | 18 | Во рамки на апликацијата ќе се чуваат сите потребни информации поврзани со сервисните барања, извршените интервенции и инспекциите пред и по изнајмување, како и документи поврзани со идентификација и договори. |
| | 19 | |
| | 20 | Со сето ова, апликацијата ќе обезбеди централизирано, модерно и ефикасно решение за управување со процесите на изнајмување на недвижности, како за индивидуални издавачи на недвижности, така и за агенции за недвижности. |
| | 21 | |
| | 22 | == Детален опис на проектот |
| | 23 | '''За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?''' |
| | 24 | |
| | 25 | - Нашата база на податоци и апликацијата Domify се наменети за компании и агенции кои се занимаваат со изнајмување на недвижности, како и индивидуални издавачи на станови и куќи. Апликацијата може да ја поседува и одржува приватна фирма специјализирана за управување со недвижности или стартап кој е дел од овој сектор. Нивната потреба е да имаат централизирана и дигитализирана платформа преку која ќе можат полесно да управуваат со понудите, договорите, комуникацијата со клиенти и плаќањата – се на едно место. |
| | 26 | '''Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?''' |
| | 27 | - Со апликацијата Domify се решаваат повеќе проблеми кои се јавуваат во традиционалниот процес на изнајмување недвижности како недостаток на централизирано управување со договори и недвижности, рачно следење на плаќања и потешкотии во евиденција на редовни трансакции, неформализирана комуникација помеѓу изнајмувачи и издавачи, отсуство на место за пријави за поправки на недвижности, недостаток на повратна информација и оценки кои би помогнале при избор на недвижност или клиент. |
| | 28 | |
| | 29 | |
| | 30 | '''Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?''' |
| | 31 | - Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници: |
| | 32 | - '''Администратори''' – ги управуваат системските поставки, го надгледуваат целиот систем и можат да менаџираат кориснички профили и податоци. |
| | 33 | - '''Издавачи на недвижности''' – индивидуи или агенции кои објавуваат понуди, склучуваат договори и управуваат со недвижностите. |
| | 34 | - '''Изнајмувачи''' – граѓани кои изнајмуваат недвижности преку платформата, склучуваат договори и пријавуваат проблеми. |
| | 35 | - '''Агенции за недвижности''' – можат да управуваат со своите недвижности, изнајмувачи и извештаи, преку посебна улога. |
| | 36 | |
| | 37 | Секој корисник има различни привилегии и пристап до различни делови од системот според својата улога. |
| | 38 | |
| | 39 | '''Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?''' |
| | 40 | - Постојат светски познати платформи како Airbnb, Booking.com и Zillow, кои нудат одредени функционалности поврзани со изнајмување, но Domify е специфично прилагодена за локални потреби на долгорочно изнајмување и целосно управување со процесот – не само објава (како Reklama5, Pazar3), туку и скенирање и чување на договори, евиденција на месечни плаќања, тикет систем за одржување, вграден систем за пораки, оцени и рецензии за недвижности и изнајмувачи. |
| | 41 | |
| | 42 | '''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?''' |
| | 43 | - Се работи за веб апликација. |
| | 44 | |