﻿id	summary	reporter	owner	description	type	status	priority	milestone	component	version	resolution	keywords	cc
6	Константи во извештаите	vangel.ajanovski		"Во wiki:DatabaseReports во вториот извештај користите некои константи кои во барањето не се спомнуваат - пример: sum<50, sum<100 и зошто враќате 2 односно 3 како коефициент. За коефициенти или тежински фактори во пресметка е во ред да стојат како константи, но прагови од апсолутни бројки не се во ред, треба да се обидете да ги доведете до некакви релативни односи.

На пример, ако ви требаат фирми со преголем број отсуства, може да се најде средната вредност на број отсуства и да се пресмета стандардна девијација и да се земат праг од определен број с.д. во однос на просекот. Пример 6 с.д. во однос на просекот. Не мора да биде 6, алудирам на позната методологија Six Sigma на Motorola, каде се дефинира праг на толеранција на дефектите во производството од 6 с.д.

Постојат групни функции за пресметка и на просек и на с.д."	defect	new	major		SQL				
