| | 1 | = Vision = |
| | 2 | |
| | 3 | == Вовед == |
| | 4 | Овој проект претставува агрегатор за производи од најмалку три маркети во Македонија, со цел да се овозможи достапност и приказ на нивните производи преку единствена веб локација, да се обезбеди преглед на најповолната цена достапна на пазарот како и да се понудат статистички и други показатели за ценовните флуктуации. |
| | 5 | |
| | 6 | Агрегаторот, ќе вклучува каталог на производи поделени по категории со назнака од маркет потекнуваат. Преку интегриран филтер корисниците ќе бидат во можност да ги изберат производите за кои се заинтересирани а ќе се обезбеди и начин за подредување на производите по цена. Во делот на статистиката корисниците ќе може визуелно да ги анализираат претходните цени на производите и нивното движење. Со податоците кои ќе располага страната ќе може во секое време да се прави пресек на вредноста на производите и во реално време да се добиваат вредности за евалуација и анализа на пазарните промени. На овој начин проектот ќе обезбеди: за редовните потрошувачи избор на најповолна цена, за креаторите на политиките преглед на движењето на цените и моменталната потрошувачка кошничка, а за маркетите сеопфатен увид во пазарните случувања и можност за брзо и ефикасно позиционирање. |
| | 7 | |
| | 8 | == Позиционирање == |
| | 9 | |
| | 10 | === Проблематика === |
| | 11 | **Проблемот на:** |
| | 12 | * Недостапност на информации за цените и производите во различни маркети |
| | 13 | * Недостаток на целосен преглед на пазарните флуктуации и најповолните понуди |
| | 14 | |
| | 15 | **Ги засега:** |
| | 16 | * Потрошувачите, маркетите, и креаторите на ценовни политики |
| | 17 | |
| | 18 | **Со последици:** |
| | 19 | * Потешкотии при донесување на одлуки за најдобри купувања, за маркетите во позиционирање на цените и предвидување на пазарните трендови |
| | 20 | |
| | 21 | **Успешно решение би било:** |
| | 22 | * Обезбедување на агрегатор кој ќе ги обедини сите релевантни податоци на едно место за лесен пристап и анализи. |
| | 23 | |
| | 24 | == Засегнати - Описи == |
| | 25 | |
| | 26 | ||= Име =||= Опис =||= Одговорности =|| |
| | 27 | || **Граѓани** || Корисници на услугите кои имаат потреба од информирање за производите и цените || Немаат одговорност, само се корисници на платформата. || |
| | 28 | || **Маркетите** || Продавници кои нудат производи || Да ги внесат своите производи во системот и редовно да ги ажурираат цените и понудите. || |
| | 29 | || **Креаторите на политики** || Регулатори на цените и пазарот || Да обезбедат податоци за трендовите и препораки за политики кои можат да влијаат на цените на пазарот. || |
| | 30 | |
| | 31 | == Корисничка околина == |
| | 32 | |
| | 33 | Проектот ќе нуди едноставен и интуитивен интерфејс кој ќе биде достапен преку веб прелистувач на сите уреди, вклучувајќи мобилни телефони, таблети и десктоп компјутери. Апликацијата ќе биде целосно респонзивна и ќе работи на сите платформи. Процесот на пребарување и избор на производи ќе биде брз и лесен. Корисниците ќе имаат филтри за избор на производи, како и опции за сортирање по цена и други параметри. |
| | 34 | |
| | 35 | == Преглед: Потреби и Карактеристики == |
| | 36 | |
| | 37 | ||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =||= Планирано објавување =|| |
| | 38 | || Пребарување на производи || Задолжително || Каталог на производи со филтри за сортирање по категорија и цена || || |
| | 39 | || Анализа на ценовни флуктуации || Потребно || Графикон за историски промени на цените || || |
| | 40 | || Статистички податоци за пазарот || Опционално || Преглед на ценовни трендови и анализи || || |
| | 41 | || Информација за производи кои се на акција || Потребно || Приказ на производот со податоци до кога важи акцијата || || |
| | 42 | |
| | 43 | == Други и нефункционални побарувања == |
| | 44 | |
| | 45 | ||= Побарување =||= Приоритет =||= Планирано објавување =|| |
| | 46 | || Пристап преку веб прелистувач || Задолжително || || |
| | 47 | || Респонзивен дизајн за мобилни телефони, компјутери и таблети || Задолжително || || |
| | 48 | || Постоен интернет пристап || Потребно || || |