wiki:About

Fully Stocked

Членови на тимот

  • Дарко Сасански 201065
  • Бојан Трпески 201091

Краток опис на проектот

Овој систем претставува веб апликација која има за цел да и помогне на било која организација која содржи во нејзините рамки еден или повеќе магацини, во која таа чува одредени артикли од различни категории. Дел од вработените, кои се работници во ваквите организации имаат за задача да управуваат со овие магацини, односно да се осигураат дека количините кои се достапни од секој артикл на секоја локација се доволни за непречено да се одвиваат останатите процеси во организацијата. Доколку увидат работниците дека тоа не е случајот, должни се да го известат задолжениот менаџер, кој потоа би креирал нарачка со цел да ги набави артиклите што недостасуваат од овластениот набавувач. Дополнително работниците може да креираат сметкопотврди кои имаат за цел да го документираат изливот на артикли од конкретниот магацин.

За секој работник и менаџер во системот чуваме ИД, име, презиме, корисничко име, емаил и лозинка, додека за набаувачите дополнително чуваме и адреса(улица, број и град), телефон и опис.

Главна придобивка од користењето на овој систем е тоа што комплетно го автоматизира и дигитализира досега рачниот начин на менаџирање на магацините и овозможува сите активности да се одвиваат покоординирано, поорганизирано, побезбедно и со помалку грешки.

Детален опис на проектот

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Овој проект ќе биде наменет за било која организација која поседува магацини и извршува одредени активности околу водење на евиденција на состојбата и достапноста на нејзините артикли. Базата на податоци ќе ја менаџира компанијата која ќе ја користи апликацијата, а дополнително ќе биде одговорна и за нејзината структура и ќе може таа да ги извршува сите функционалности кои ги нуди базата: додавање, бришење, уредување и ажурирање на артиклите. Оваа апликација ќе го олесни работењето на магационерите со тоа што ќе нуди разни информации за достапноста на артиклите на различни локации, можност за набавка на артикли и целосна документација за добиената и испорачаната роба во магацините.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Најголемиот проблем во водењето и управувањето на магацини е точноста на информациите за одредени артикли за тоа дали се тие достапни на одредена локација, во колкава количина се достапни, а со тоа и дали има потреба од набавка на истите. Оваа апликација има за цел сите овие функционалности да ги имплементира во база на податоци. При испорачување на роба, магационерот ги внесува артиклите и количината која е испорачана од соодветниот артикл. Со ова се решава проблемот на лажни и неажурирани информации за достапноста на артиклите и го олеснува процесот на креирање на попис на магацинот со тоа што ќе овозможи достапност на точни информации во реално време. Дополнително, при недостаток на одреден артикл, менаџерот се известува и тој прави набавка на артикли со креирање нарачка, па потоа во секој момент може да се види точно што е нарачано, од кој набавувач е нарачката и на крај може да се спореди нарачката што навистина стигнала во магацинот. Со ова се обезбедува конзистентност во работењето и се намалува можноста за грешки во нарачките.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
  • Апликацијата ќе има 3 типа на вработени во фирмата.
    • Магационер- тој е главниот корисник и управува со апликацијата. Негови задачи се креирање на фактури и потоа внесување на артиклите и количината која што е испорачана, како и проверка на достапноста на артиклите. Доколку одредени артикли ги нема на залиха, тој го известува менаџерот. Кога пристигнуваат нови артикли од добавувачите, тој е одговорен да ја ажурира достапноста на ново пристигнатите артикли.
    • Менаџер- тој е одговорен за набавка на артикли. Менаџерот добива известување од магационерите во кој магацин кои артикли треба да се нарачаат. Потоа тој креира набавка до соодветен добавувач и ја испраќа истата. Дополнително тој е одговорен и за додавање на артиклите кои досега не постоеле во системот, но и менаџирање на магационерите и добавувачите.
    • Добавувач- тој има задача да ја состави набавката која е испратена од менаџерот. Артиклите може да бидат од повеќе категории и треба да се сортираат. Секој добавувач може да испорача артикли само од категориите за кои тој е одговорен.
  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект

Според нашето истражување, не сретнавме ист проект и со сигурност не постои ваков во нашата држава. Сретнавме сличен проект поврзан со едукација, на глобално ниво, кој се занимава само со готови снимени курсеви распределени по предмети и теми, кои може да се купат од страна на одреден корисник. Нашето решение е различно бидејќи за секој предмет има повеќе наставници кои водат евиденција и распоред, како и ученици кои можат лесно да најдат наставник и да имаат потсетник за нивните часови, домашни задачи и плаќања. Оваа апликација ќе се користи само во рамките на државата.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација.

Last modified 18 months ago Last modified on 11/14/22 11:08:21
Note: See TracWiki for help on using the wiki.