wiki:WikiStart

Movie Zone

Систем за резервирање и менаџирање на кино

Започнат: октомври 2022

Предмет: Бази на податоци 2022/2023/Зимски

Под менторство на: вонр. проф. д-р Вангел Ајановски и демонстр. м-р Ненад Анчев

Краток опис на проектот

Movie Zone претставува систем за пребарување и резервирање на кино карти за филмови. Овој систем поддржува два типа на корисници и тоа корисник вработен, корисник клиент. Клиентите ќе може да се регистрираат на страната и за нив ќе се чуваат податоци како име и презиме, е-адреса и контакт телефон. Со најавување на страната клиентот има можност да пребарува низ филмови достапни во киното и при избор на одреден филм му се листаат сите достапни проекции за истиот. За една проекција достапни се информации како во која кино сала се прикажува филмот, датум и време на проекцијата како и тип на технологија. Доколку корисникот избере одредена проекција за филм тој ќе има можност да избере седиште во кино салата по што се изготвува тикет за таа нарачка. Корисникот извршува резервација откако ќе изврши плаќање на тикетот. Од друга страна корисникот вработен има посебно поле за улогата која ја има самиот вработен во киното. Вработените кои се грижат за продавање на карти и услуга на клиентите ќе можат да ги прегледува резервациите направени од клиентите. Од друга страна тие што се задолжени за одржување на страната имаат општа задача насочена кон функционирањето на страната. За сите типови на вработени се чуваат истите податоци како работно време, плата, улога, како и кога започнал со работа во компанијата. Има повеќе работи кои не издвојуваат од останатите системи, како на пример опцијата за дискаунт за одредена проекција како и можноста за организирање на настани. Системот освен што ќе овозможува резервирање на карти за клиентите, ќе овозможува и менаџирање на секој аспект на киното.

Членови на тимот

Име и презимеИндекс
Деница Ќорвезир - координатор 201094
Мила Михајловска 201131

Фази и координација

Фаза Име на фазаСтатус
Ф0 Дефинирање на проектот Одобрено
Ф1 Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања Одобрено
Ф2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) Одобрено
Ф3 Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи Одобрено
Ф4 Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) Одобрено
Ф5 Прототип апликација - Основни функционалности Одобрено
Ф6 Нормализација и подобрувања на дизајнот Не е започнато
Ф7 Напреден апликативен развој Не е започнато
Last modified 7 months ago Last modified on 09/22/23 09:32:37

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.