wiki:P0

Virtual Book Heaven

Членови на тимот

Име и презиме Индекс
Христијан Мучев 161007
Стефан Ангеловски 216091

Краток опис на проектот

Проектот "Virtual Book Heaven" е веб апликација со добро структурирана база на податоци, пружејќи централно место за управување со информации за разновидни типови на книги. Системот вклучува детали за авторите, издавачките куќи, категориите и други значајни атрибути, создавајќи разнострана колекција со податоци за лесно пребарување и истражување.

Датабазата чува информации за потрошувачите/клиентите, обезбедувајќи целосен преглед на корисниците на системот. Податоците за нарачките извршени преку апликацијата се лесни за прегледување и овозможуваат детален увид во книгите кои ги набавуваат потрошувачите.

Системот е дизајниран за брзо извршување на различни видови на пребарувања, како што се пребарување на книги според автор, категорија или издавачка куќа. SQL queries овозможуваат едноставно додавање, бришење и ажурирање на податоци, обезбедувајќи го функционалниот аспект на системот без потреба од дополнителен кориснички интерфејс. Датабазата е добро оптимизирана за перформанси и обезбедува конзистентност и интегритет на податоците преку користење на соодветни SQL конструкции и релации помеѓу табелите. Овој пристап го прави системот едноставен за управување и одржување, истовремено обезбедувајќи моќна функционалност.

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот, односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институција/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

  • Оваа база на податоци и веб апликација "Virtual Book Heaven" е наменета како за физички лица, така и за фирми/институции (книжарници, библиотеки) кои сакаат да ги внесат своите производи во електронска форма кои се полесно достапни како за самите вработени, така и за корисниците/купувачите.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

  • Проектот решава проблеми поврзани со лесна евиденција и управување на книги, нарачки и лагер во книжарниците/библиотеките, како и лесната online достапност во секое време, како од страна на клиентите, така и од страна на вработените.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

  • Нашата апликација главно ќе биде наменета за клиенти, на кои ќе им се овозможи да имаат пристап до основните информации за нивните омилени книги (цена, достапност) како и за опции за нарачка на истите и можност за оставање на коментар/review.
  • Дата-базата ќе биде достапна за пристап само за вработените во институциите кои ја користат нашата апликација, со цел да можат да имаат подетален увид во продуктите, како и можност за дополнување, изменување и бришење на соодветни податоци со цел ажурност на целиот систем.

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

  • Слични апликации постојат, но "Virtual Book Heaven" се разликува од другите системи по тоа што го подобрува и олеснува бизнисот со својата лесна-интуитивна употреба и UI и со својот централизиран пристап.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

  • Нашата замисла е да биде веб апликација, која ќе обезбедува централизиран пристап и следење на сите аспекти од бизнисот, како и лесно следење и управување со апликацијата од аспект на краен корисник.
Last modified 5 months ago Last modified on 12/09/23 23:17:29
Note: See TracWiki for help on using the wiki.