wiki:About

Vet Care Connect

Членови на тимот

Име и презиме Индекс
Ибрахим Мујовиќ - координатор 183241
Фахрудин Ченгиќ 203056
Јован Александроски 211248
Марија Столевска 196010
Eлена Москова 184006

Краток опис

Vet Care Connect e веб апликација со која сопствениците на миленичиња ќе можат да закажат термин кај ветеринар за да добијат ветеринарна услуга, да пронајдат сместување за своето милениче кога се на патување или имаат обврски, да побараат совет од најразновидни тематики, да пријават изгубено милениче и да купат храна и лекови за своето мичениче. Ќе бидат објавувани и миленичиња за продажба и вдомување.

Ќе содржи информации за повеќе видови на милениче: куче, маче, папагал итн. Секој вид соодветно ќе ги содржи расите на миленичиња. Ќе се чуваат податоци за тоа кога одредено милениче е донесено во ветеринарниот центар, каква дијагноза му била поставена и кој доктор го извршил прегледот.

Неавторизираните корисници ќе може да ја разгледуваат нашата веб апликација. Авторизираните корисници (со профил) ќе можат да извршуваат дополнителни функционалности. На овој начин ќе привлекуваме повеќе корисници.

Ние како група на студенти поседуваме миленичиња и постојано се соочуваме со проблеми околу нивната нега и згрижување при одредени интервенции. Главната цел на нашиот проект е полесен начин на поврзување на сопствениците на домашни миленичиња со илјадници ветеринарни центри.

Детален опис

За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Проектот е наменет за институции кои што се ветеринарни центри. Базата на податоци ќе ја поседуваат само корисници со 'super admin' привилегии. Замислата е да корисниците со суперадмин се клиенти односно побарувачи на овој софтвер. Во овој момент тимот на развивачи студентите Ибрахим, Фахрудин, Марија, Јован и Елена се основните супер админи како и побарувачот Финки. Креаторите (девелоперите) на овој софтвер ќе останат сопственици на дата базата поради одржување и менаџирање на идните функционалности.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Со нашата апликација ќе овозможиме сопственикот на миленичето да може да ја следи неговата состојба откако ќе го однесе неговото милениче во ветеринарен центар (Пример: примен, е на чекање, е на операција, закрепнува и сл). Со тоа што сопственикот ќе ја следи неговата состојба, не би се јавувал постојано на телефон да се информира за миленичето. Со нашата апликација би помогнале вработените да можат лесно да ги увидат претходните дијагнози, кои што му биле поставени на едно милениче како и кој доктор ги поставил тие дијагнози. Со тоа ќе овозможиме секој доктор да одговара за своите постапки, но и да пронајде мислење за одредена дијагноза. Платформата ќе нуди листа на згрижени миленичиња без сопственик, а со тоа ќе помогне во пронаоѓање на изгубено милениче или доколку некој сака да вдоми миленик преку платформата ќе може истото тоа да го направи. Доколку некој корисник би сакал да добие совет од најразлична тематика, тоа би можело да го направи на нашиот блог за консултации. Платформата ќе нуди продажба на производи од различни категории кои што ќе бидат постојано ажурирани со детален опис. Со тоа корисниците полесно би се одлучиле каква храна да одберат, каков суплимент и сл.

Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Апликацијата ќе има четири типа на корисници. Првиот тип корисник е корисник со 'super admin' привилегии и тој корисник ќе биде наменет за да ги менаџира ветeринарните центри. Вториот тип на корисник ќе биде корисник кој што ќе има улога да го менаџира сопствениот ветеринарен центар. Ваквиот тип на корисник ќе има можност да додава вработени во самата институција (ветеринарен центар) со тоа што доаѓаме до третиот тип на корисник, а тоа се вработени (пример доктор) во еден ветеринарен центар. Четвртиот тип на корисник се генерално корисници на апликација кои што имаат можност да закажат преглед или некоја дополнителна функционалност која што ќе ја нуди самата апликација. Нашата апликација ќе може да ја користат и неавторизирани корисници кои што ќе сакаат да дознаат основни информации за одреден ветеринарен центар. За овие корисници не е потребна најава ниту креирање профил на самата платформа. Доколку истиот корисник сака дополнителни функционалности како од типот додавање на сопствено милениче, закажување на термин и слично, потребно е да креира профил односно да се регистрира.

Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Моментално на нашите простори не постои слична платформа која што ги спојува ветеринарните центри и услугите кои што ги нудат. Aпликацијата ќе нуди 24/7 онлајн (online) услуги, како и географско мапирање на сите ветеринарни центри. Со тоа ќе им помогнеме на корисниците полесно да дојдат до посакуваната нега на нивното милениче во најбрз временски рок. Ќе изработиме user-friendly design по најновите стандарди. Нашата апликација ќе нуди можност за менаџирање на различни ветеринарни центри. Во иднина би се развиле online состаноци со ветеринар.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Софтверот за почеток би претставувал веб решение, а понатаму и развој на мобилни апликации наменета за Android и iOS.

Last modified 5 months ago Last modified on 01/03/24 15:47:07
Note: See TracWiki for help on using the wiki.