wiki:About

Version 20 (modified by 184006, 7 months ago) ( diff )

--

Vet Care Connect

Членови на тимот

Име и презиме Индекс
Ибрахим Мујовиќ - координатор 183241
Фахрудин Ченгиќ 203056
Јован Александроски 211248
Марија Столевска 196010
Eлена Москова 184006

Краток опис

VetCareConnect e веб апликација со која сопствениците на миленичиња ќе можат да закажат термин кај ветеринар за да добијат ветеринарна услуга, да пронајдат сместување за своето милениче кога се на патување или имаат обврски, да побарат совет од најразновидни тематики, да пријават изгубено милениче и да купат храна и лекови за своето мичениче. Ќе бидат објавувани и миленичиња за продажба и вдомување.

Ќе содржи информации за повеќе видови на милениче: куче, маче, папагал итн. Секој вид соодветно ќе ги содржи расите на миленичиња. Ќе се чуваат податоци за тоа кога одредено милениче е донесено во ветеринарниот центар, каква дијагноза му била поставена и кој доктор го извршил прегледот.

Апликацијата ќе има два мода на пристап: едниот е User кој може да биде вработен или корисник. Секој User за да се најави потребно е да внесе username и password. Вториот мод ќе се однесува на лицата кои само ќе сакаат да ја разгледуваат веб апликацијата. За вториот мод не е потребна регистрација на сајтот. Авторизираните корисници (со профил) ќе можат да извршуваат дополнителни функционалности. На овој начин ќе привлекуваме повеќе корисници.

Детален опис

За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Проектот е наменет за институции кои што се ветринарни центри. Базата на податоци ќе ја поседуваат само корисници со superadmin привилегии. Замислата е да корисниците со суперадмин се клиенти односно побарувачи на овој софтвер. Во овој случат тимот на развивачи студентите Ибрахим, Фахрудин, Марија, Јован и Елена се основните супер админи а како и побарувачот- Финки. Креаторите (девелоперите) на овој софтвер ќе останат сопственици на датабазата поради одржување и менаџирање на идните функционалности.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Со нашата апликација ќе овозможиме сопственикот на миленичето да може да ја следи неговата состојба откако ќе го однесе неговото милениче во ветринарен центар (Пример: примен, е на чекање, е на операција, закрепнува и сл). Со тоа што сопственикот ќе ја следи неговата состојба не би се јавувал постојано на телефон да се информира за миленичето. Со нашата апликација вработените во еден ветринарен центар би имале увид на претходните дијагнози кои што му биле поставени на едно милениче како и кој доктор ги поставил тие дијагнози. Со тоа ќе овозможиме секој доктор да одговара за своите постапки. На нашата страна ќе бидат објавувани донесените миленичиња без сопственик а со тоа ќе помогнеме некој доколку си има изгубено миленик да си го пронајде или доколку некој сака да вдоми миленик тоа да го направи. Доколку некој корисник би сакал да добие совет од најразлична тематика тоа би можело да го направи на нашиот блог за консултации. Производите кои што ќе бидат објавувани за продажба на нашата страница ќе содржат детален опис. Со тоа корисниците полесно би се одлучиле каква храна да одберат, каков суплимент и сл.

Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Апликацијата ќе има четири типа на корисници. Првиот тип корисни е корисник со superadmin привилегии и тој корисник ќе биде наменет за да ги менаџира ветeринарните центри. Вториот тип на корисник ќе биде корисник кој што ќе има улога за да го менаџира сопствениот ветеринарен центар. Ваквиот тип на корисник ќе има можност да додава вработени во самата институција (Ветеринарен центар) со тоа што доаѓаме до третиот тип на корисник, а тоа се вработени (пример доктор) за еден ветеринарен центар. Четвртиот тип на корисник се генерално корисници на апликација кои што имаат можност да закажат преглед или некоја дополнителна функционалност која што ќе ја нуди самата апликација. Нашата апликација ќе може да ја користат и неавторизирани корисници кои што ќе сакаат да дознаат основни информации за одреден ветеринарен центар. За овие корисници не е потребна најава ниту креирање профил на самата платформа. Доколку истиот корисник сака дополнителни функционалности како од типот додавање на сопствено милениче, закажување на термин и слично, потребно е да креира профил односно да се регистрира.

Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Нашата апликација ќе се разликува од другите слични апликации со тоа што ќе има географско мапирање на сите ветринарни центри. Со тоа ќе им помогнеме на корисниците полесно да дојдат до посакуваната нега на нивното милениче. Ќе изработиме user-friendly design по најновите стандарди. Нашата апликација ќе нуди можност за менаџирање на различни ветринарни центри.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Софтверот за почеток би претставувал веб решение, а понатаму и развој на мобилни апликации наменета за Android и iOS.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.