wiki:Architecture

Архитектура на системот

Основната стратегија која ќе се користи за да се структуира системот е складиште моделот.
Податоците кои ќе се разменуваат ќе се чуваат во централна база на податоци која може да се пристапува и во која ќе може да се интегрираат податоците.
Користењето на централизирана база на податоци се фокусира на самите податоци.


Главниот извор на податоци е веќе создаден, чист, трансформиран, категоризиран и достапен за користење од страна на вработените на магацинот и администраторот на системот.
Централизираната база на системот ќе биде поставена на сервер и на неа ќе може да пристапуваат магацинските работници преку претходно најавување на своите ПДА уреди,
и би им се овозможило да извлекуваат, променуваат и внесуваат податоци во зависност од привилигиите кои ги имаат со цел да ги извршуваат своите работни обврски.


Базата ќе биде релациона база на податоци т.е база која содржи колекција од табели од податочни предмети, кои претходно се формално опишани и организирани спрема релациониот модел.
Комуникацијата помеѓу базата на податоци(серверот) и мобилните уреди е овозможена преку бежична мрежа(wireless).
Секој уред со кој работи магацинскиот работник во магацинот поседува wireless.Во зависност од големина на просторот се поставуваат пропорционално рутери кои комуницираат меѓу себе.
Мобилниот уред целата комуникација помеѓу рутерите ја гледа како една мрежа и секоја транакција/ажурирање на PDA уредот преку нив ја процесира до серверот.
Покрај финансиската исплатливост, овој начин на решение е квалитетен, односно комуникацијата е стабилна и безбедна.


Системот за магацинско управување ќе претставува десктоп апликација составена од неколку слоеви.
За решение е избрана декстоп апликација пред веб апликација примарно заради тоа што со системот во интеракција ќе бидат само однапред дефиниран број на корисници - магацинските работници.
Исто, во операциите во системот не е потребно постојано побарување на одредени ресурси и материјали(од Интернет).
Системот за магацинско управување ќе биде составен од три слоеви(подсистеми) и тоа од: ниво за централна база на податоци каде се чуваат сите податоци и се прават сите ажурирања при магацинските операции, апликациско ниво каде што се прави целата бизнис логика и пресметки и ниво за прикажување на интерфејс кое го сочинува изгледот десктоп апликацијата.

Глобална архитектура на системот

Во прилог е прикажана глобалната архитектура на системот
Архитектурата беше успешно имплементирана
Главната цел на ваквата архитектура беше бежично работење на работник на таблет компјутер и реализацијата ја презентиравме на час


1.0 ER Дијаграм на WMS:

ER дијаграм на системот за магацинско работење

2.0 Класен дијаграм на WMS:

Klasen dijagram za WMS-KS

3.0 Функционалности на системот:

3.1 Внесување нов производ со скенирање:


Внесување нов производ во системот


3.2 Внесување нов производ со скенирање:


Entity-Control-Boundary Design Pattern

Идејата на користење на овој шаблон е една единка во класниот дијаграм да ја раздвоиме на три делови кои што ќе бидат во меѓусебна интеракција.
Со ваков шаблон има неколку придобивки кои ни се од корист :
-Подобра организација и разбирливост на код
-Реискористливост на код
-Издвојување на независни компоненти и паралелно работење на истите
-Многу добра одржливост на кодот (менуваме само во класата во која е најдена грешка, но не и во останатите

Приказ на Entity-Control-Boundary Design Pattern

Имено, моделот е имплементиран во Microsoft Visual Stidio Entity и тоа на следниот начин :

Boundary класа - Microsfot Windows Form
Има интеракција со интерфејсот и е погоден да биде Boundary класа која што ќе повикува разни контроли каде ќе бидат прикажани(прочитани) и запишани(ажурирани)
податоци кои ги барал/вкуцал клиентот.

Контролна класа
Оваа класа се препишува на CRUD Интерфејс бидеќи секоја контролна класа во нашиот проект го има овој интерфејс.
Исто така се додадени дополнителни контролни функции во зависност од класата, со чија помош пак Boundary Класата ќе го повикува она што корисникот го бара/
Важно : Секоја контролна класа и сите контролни функции внатре побаруваат соодветно query од база, коешто може да се види во самата имплементација на контролната класа во програмскиот јазик

Еntity класа
Оваа класа го опишува ентитетот заедно со неговите особини.
Следниот дијаграм покажува практичен тек и реализација на овој модел во нашата апликација

4.0 Класен дијаграм според entity-control-boundary Design Pattern:






5.0 Activity дијаграми:



4.1 Испорака:

5.2 Попис:

5.3 Контрола на производ:

5.4 Прием на роба:

5.5 Складирање на производ:



6.0 Секвенцијални дијаграми (Entity-Control-Boundary):



6.1 Испорака:

6.2 Попис:

6.3 Контрола на производ:

6.4 Прием на роба:

6.5 Складирање на производ:

Last modified 10 years ago Last modified on 07/16/14 06:41:51

Attachments (20)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.