Имплементацијата на системот за магацинско работење е поделена во три главни итерации(milestones). Првата итерација е наменета за креирање на базата на податоци на системот и поставување на почетната архитектура на системот - односно поделба на логиката по модули. Втората итерација е наменета за креирање на апликациската логика и комуникацијата со база на податоци и креирање на почетен прототип на системот. Во третата итерација се доимплементираат сите функционалности на системот.
Прва итерација:
- Додавање на основни информации и опис за проектот
- Креирање визија на WMS системот
- Определување кориснички случаи
- Ревидирање и поправка на Корисничките случаи
- Почетна архитектура на системот - ER Дијаграм
- Креирање на дијаграми на активности
- Креирање на секвенцни дијаграми
- Поправка на класниот и секвенцните дијаграми
- Креирање на почетна структура за проектот - WMS
- Креирање на база на податоци со основните табели(ентитети)
- Додавање релации помеѓу табелите во базата на податоци
- Интерфејс за операции со база на податоци и контролни класи
Втора итерација:
- Креирање на форми за логин и регистрација
- Креирање на форми за додавање на производ, пратка, испорака
- Креирање на форми за клиент, снабдувач, магацин
- Креирање на почетна страна (форма) и навигација до другите форми
- Регистрација на магацински работник
- Логирање на магацински работник
- Внесување/менување на производи
- Внесување на нарачка, внесување на пратка и валидација
- Сервис за логирање на магацински работници и администратор
Трета итерација:
- Имплементирање на шаблон: factory method
- Сервис за контрола на производи
- Помошен сервис за складирање на производите
- Поправка на use case "Прием на роба"
- Складирање на производ при прием на роба
- Внесување на резултат од направен попис
- Контрола и следливост на сите производи во магацинот
- Испорака на производи
- Exception handling и валидација на форми
Last modified
10 years ago
Last modified on 06/27/14 13:43:03
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.