wiki:funkcionalnosti/isporaka

Испорака на нарачка

Целта на оваа фунцкионалност е да му се овозможи на магацинскиот работник преглед кон испораките кои мора да се подготват за тековниот ден за одреден клиент, заедно со податоците за локацијата и количината на производите кои се испорачуваат. Предуслов за оваа функционалност е внесување на нарачка во базата на податоци од страна на администраторот, т.е внесување на сите податоци во врска со барана нарачка како производи и количина , име на клиентот, датум на испорака и краток опис за нарачката. Магацинскиот работник ја извршуваа оваа функционалност преку следните чекори:

  1. Најавување на апликацијата – Внесување на корисничко име и лозинка


  1. Се појавува менито со функционалностите кои ги извршува магацинскиот работник. Се избира една функционалност , во случајов Испорака



  1. Магацинскиот работник има преглед кон сите испораки кои мора да се извршат на тековниот датум од листата на испораки



  1. Со избор на една испорака се прикажува листа на производи кои се дел од избраната испорака.



  1. Со изборот на производот се прикажуваат податоци за локацијата на производот во магацинот и колкава е количината на производот која се содржи во нарачката која треба да се испорача.



  1. Магацинскиот работник за секој производ од листата на производи ја потврдува количината која ја спрема за испорака преку копчето Потврди количина. Откако ќе ја потврди количината за сите производи и ќе ја спреми испораката клика на копчето Заврши испорака со што се комплетира испораката и се ажурираат сите податоци во врска со количината на производите кои се испорачуваат.

Screenshot : /

Last modified 10 years ago Last modified on 07/15/14 23:46:06

Attachments (4)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.