wiki:About

Цимери

Членови на тимот

  • Филип Трајковски 201087 (координатор)
  • Благоја Николоски 201144

Краток опис на проектот

Апликацијата има цел да го олеснува барањето и поврзувањето на цимери во сите градови. Секој студент кој бара цимер има различни потреби и интереси, па потребно е да се поврзе со луѓе со слични интереси како него. Кога студент ќе се најави на нашата апкликација, тој внесува информации како неговиот буџет, општина во која сака да живее, број на цимери кои ги посакува и слично. Овие информации ќе ги исфилтрираат другите студенти и корисникот ќе добие контант информации од други студенти со слични потреби како него. Исто така, сопственици на станови можат да си го објават нивниот стан за издавање на апликацијата, па доколку нивниот стан и неговата локација, цена, број на кревети и слично одговара на потребите на некои од студентите, ќе биде предложен на нив. Тие ќе добијаат контакт информација од сопственикот, како и информации за самиот стан. На крај, може да се склучи договор меѓу студентите и сопственикот на станот.

Детален опис на проектот

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби:

Апликацијата е наменета за сите оние кои имаат потреба од цимер/цимери. Сите оние кои сакаат да се поврзат со други студенти кои исто така имаат потреба од цимер/цимери. Апликацијата е наменета и за сопственици на станови кои сакаат да го издаваат нивниот стан на студенти. Со базата на податоци ќе управува администраторот. Тој го управува системот што е задолжен за додавање, бришење, филтрирање и ажурирање на објавите и од страна на цимерите, и од сопствениците на становите. Апликацијата како сервис ќе биде раководена од самиот администратор.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Нашата апликација ќе го решава проблемот на недоволно лесно достапни информации за станови кои се издаваат и студенти кои бараат цимери. Потрагата по точниот цимер, а потоа и стан, е многу долга и не постои единствено место каде што може да се добие информации за студенти кои што бараат цимери и станови што ќе ги задоволат нивните потреби. Апликацијата е место каде што брзо и лесно можат да се најдат овие информации.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Апликацијата ќе ги има следните видови корисници:

  1. Администратор – ги има сите привилегии и е задолжен за оджување на системот, раководење со базата на податоци и решавање на проблеми пријавени од страна на корисниците
  2. Цимер – корисник кој бара други цимери. Тој внесува информации за неговите потреби и желби како буџетот со кој располага, општината во која сака да живее, бројот на цимери што ги посакува. Тој се поврзува со други корисници со слични потреби и желби
  3. Сопственик на стан – корисник кој го објавува неговиот стан што го издава. Треба да објавува и информации за станот, како цената што ја нуди, бројот на кревети во станот, бројот на соби во станот, големината на станот, адресата и слично
  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Традиционалното барање на цимери и потоа места за живеење е присутно многу долго време, но е долг и тежок процес. Постојат различни групи на социјалните мрежи за оваа цел, но ефикасноста им е на ниско ниво. Нашата апликација ги разгледува сите аспекти од процесот на барање цимери и барање на станови и ги спојува во едно место, во една апликација. Цел процес е значително олеснат и побрз.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Апликацијата која што ја создаваме е веб апликација.

Last modified 18 months ago Last modified on 11/11/22 14:57:33
Note: See TracWiki for help on using the wiki.