wiki:WikiStart

CrimeTracker

Систем за управување на криминални досиеа и полициски истраги

Започнат: ноември 2023

Предмет: Бази на податоци 2023/2024/Зимски

Под менторство на: проф. д-р Вангел Ајановски и тутор Стефани Кулебанова

Краток опис на проектот

Проектот CrimeTracker е веб апликација за водење евиденција на тековни полициски истраги и криминални досиеа. Корисниците на овој систем може да бидат самите началници и полицајците, кои ќе може да се најават на страната и за нив ќе се чуваат податоци како име, презиме, ембг, датум на раѓање, адреса, идентификациски број и сл.

Овој систем ќе биде организиран на таков начин што ќе овозможи чување на податоци за повеќе полициски станици во еден град. На ниво на полициска станица ќе има еден надлежен началник а во истата полициска станица се вработени повеќе полицајци.

Полицајците ќе можат да земаат изјави од потенцијални жртви и сведоци и со истите да изградат еден случај. Ова ќе им овозможи поорганизирано и дигитализирано водење на истрагите(случаеви).

Во системот ќе се чуваат податоци за жртвите,сведоците и осомничените луѓе кои се дел од една или повеќе истраги. Дополнително за секоја истрага ќе се чуваат податоци за доказите и видовите на криминал што биле извршени и доколку истрагата е завршена, за истата ќе има ентитет за затворен случај.

Членови на тимот

Име и презимеИндекс
Љубица Ристовска (координатор)212016
Кристина Цоковска212006
Бојан Поповски212012

Фази и координација

ФазаИме на фазаСтатусДатум
P0 Дефинирање на проектот Одобрено 8.11.2023
P1 Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања Одобрено 8.11.2023
P2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) Одобрено 10.12.2023
P3 Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи Одобрено 15.1.2024
P4 Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) Се чека одобрување 15.1.2024
P5 Прототип апликација - Основни функционалности Започнато 29.1.2024
P6 Нормализација и подобрувања на дизајнот
P7 Напреден апликативен развој
Last modified 3 months ago Last modified on 01/29/24 10:04:27

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.