Содржина
1.1 Цели на планот за управување со промени
2. Процес за управување со промени
2.1 Побарувања на процесот на управување со промени
2.2 Форма за побарани промени и запис за управување со промени
2.3 Оценување и одобрување на побарани промени
2.4 Борд за контрола на промени
1. ВОВЕД
1.1 ЦЕЛИ НА ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ
Планот за управување со промени ги документира и следи потребните информации потребни за ефективно управување проектни промени од почетокот на проектот па се до негова испорака.
Овој план е креиран во фазата на планирање на проектот. Наменет е за проектниот менаџер, проектниот тим и спонзор и останати вклучени страни чија поддршка е неопходна за да се изнесе планот.
2. ПРОЦЕС НА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ
Овој процес воспоставува уредна и ефективна процедура за следење на поднесување, координација, преглед, оценување, категоризација и одобрување на сите промени кои се однесуваат на проектот.
2.1 ОПИС НА ПОБАРАНИ ПРОМЕНИ
Чекор | Опис | Вклучени лица | |||
---|---|---|---|---|---|
#1 | Формата за побараната промена е целосно пополнета | 1. Проектен менаџер 2. Иницијатор | |||
#2 | Проектниот менаџер го разгледува побарувањето за промена. Ако некоја информација недостасува, се бара од иницијаторот дополнително објаснување за барањето. | 1. Проектен менаџер 2. Иницијатор | |||
#3 | Дефинирање на процесот на донесување одлука. Во зависност од промената и нејзиното влијание, се одлучува дали промената ќе биде дискутирана пред Бордот за управување со промени, дали дискусијата ќе се одвива он-лајн или на состанок. | 1. Проектен менаџер 2. Иницијатор 3. Членови од проектниот тим 4. Клиент (опционално) | |||
#4 | Евидентирање на промената во регистарот на промени. | 1. Проектен менаџер | |||
#5 | Оценување на промената. Проектниот менаџер заедно со иницијаторот и одредени членови од тимот (по потреба) евалуираат како промената ќе се одрази врз апликацијата (дизајнот, квалитетот, функционалноста, прифатеност од корисниците). Исто така влијанијата врз буџетот и распоредот. | 1. Проектен менаџер 2. Член на проектниот тим (по потреба) 3. Иницијаторот | |||
#6 | Проектниот менаџер ја изнесува потребата за промена до бордот за управување со промени, заедно со првичните анализи за нејзиното влијание врз проектот. Зависно од влијанието на промената, истата се презентира и пред клиентот заедно со својот ефект врз буџетот и распоредот. | 1. Проектен менаџер | |||
#7 | Донесување одлука за промената | 1. Бордот за управување со промени | |||
#8 | Имплементација на промената. Ако промната е одобрена од бордот за управување со промени, ќе се започне со нејзина реализација. Проектниот менаџер пополнува форма за одлука за промена и ја препраќа истата до проектниот тим. Проектниот менаџер ќе евидентира запис за промените во потребните документации. Менаџерот за технологија и управување на девелоперскиот тим го известува истиот за промените | 1. Проектен менаџер 2. Менаџер за технологија 3. Програмерски тим 4.Останати засегнати членови од проектниот тим |
2.2 ФОРМА ЗА ПОБАРАНИ ПРОМЕНИ И ЗАПИСИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ
Елемент | Опис | ||
---|---|---|---|
Датум | Датум кога е креирано барањето за промена | ||
ID# | Доделен од менаџерот задолжен за промени | ||
Наслов | Краток опис на барањето за промена | ||
Опис | Опис на посакуваната промена, нејзино влијание/ бенефит од промената. | ||
Подносител | Име на подносител на формата за барање на промена/ кој може да одговара на прашања во врска со предложената промена. | ||
Телефон | Телефонски број од подносителот | ||
Email на подносител | |||
Продукт | Продуктот на кој се однесува промената | ||
Верзија | Верзијата на продуктот на кој се однесува промената | ||
Приоритет | Категоризација за итноста на промената (висока, средна, ниска, задолжителна) |
2.3 ОЦЕНУВАЊЕ И ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОМЕНИ
Барањата за промени се оценувани според следниве критериуми за приоритет:
Приоритет | Опис | ||
---|---|---|---|
Висок | опфаќа корекција на багови, дефекти, ги спречува натамошните активности на програмерите. Не се возможни други активности, освен промени.Вообичаено е резултат на долги дискусии на состаноците на проекниот борд. Овој тип промена побарува задолжителен повратен одговор, во најскоро време. | ||
Среден | Побарува одговор во рок од 2-3 дена. Строго препорачана од менаџерот за технологија/ сениор програмерите. | ||
Низок | Може да се имплементира во било која фаза на проектот без тоа влијае на останатите модули. Може и да не е доставена како барање во официјална форма. Не е задолжителна, според клиентот, и нема да смени многу во неговите импресии. |
Доделени им се еден или повеќе од следниве типови на промени:
Тип | Опис | ||
---|---|---|---|
Опсег | Промена која влијае на опсегот на проектот. | ||
Време | Промена која влијае на времето за изработка на проектот. | ||
Траење | Промена која влијае на траењето на проектот | ||
Трошок | Промена која влијае на трошоците | ||
Ресурси | Промена која влијае на ресурсите (вклучително и човечките ресурси) | ||
Испораки | Промена која влијае на испораките од проектот. | ||
Продукт | Промена која влијае на продуктите од проектот. | ||
Процеси | Промена која влијае на процесите на проектот. | ||
Квалитет | Промена која влијае на квалитетот од проектот. | ||
Употребливост | Промена која влијае на корисниците (купувачи и вработени) и нивната способност да го користат системот | ||
Скалабилност | Промена која влијае на архитектурата на системот и дозволува во иднина тој да е лесно проширлив (скалабилен) | ||
Техничка | Промена која влијае на технологијата со која се имплементира системот |
Доделени статуси на промените:
Статус | Опис | ||
---|---|---|---|
Отворена промена | Отворено е прашањето за промена, но сеуште не е одобрено и дискутирано | ||
Дискутирана | Неформално е дискутирано за промената меѓу членовите на проектниот тим или со клиентот | ||
Доставена | Доставено е барање за промената од иницијаторот | ||
Прегледана | Барањето е разгледано од страна на проектниот менаџер/ менаџерот задолжен за промени. | ||
Во фаза на оценување | Промената и нејзиното влијание е резгледана и дискутирана од страна на бордот за управување со промени, но уште не е донесена финална одлука | ||
Оценета | Оценета е промената од сите членови на бордот, и донесена е одлука | ||
(Не)Одобрена | Промената (не) е одобрена од страна на овластените членови на проектот. | ||
Иницијална | Се прави план за имплементација и документација на промената | ||
Во фаза на имплементација | Се работи на имплементација на промената | ||
Спроведена | Завршено е со имплементација на промената и истата е документирана |
2.4 БОРД ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ
Улога | Име | Опис | ||
---|---|---|---|---|
Проектен менаџер | Ирена Костовска | Контакт за поднесување на барања за промени Заедно со иницијаторот спроведува првична анализа за промената Ја изнесува промената пред бордот Прави записи за сите побарани промени Учествува во одобрување на промени како учесник во бордот | ||
Менаџер за тестирање и сигурност на квалитет | Кристијан Петровски | Прави оценување на влијанието на промената врз квалитеот на продуктите на проектот | ||
Менаџер за технологија | Филип Богдановски | Прави техничка евалуација на промената Влијание на промената на распоредот | ||
Менаџер за финансии | Ангела Спиркоска | Прави оценување на влијанието на промената врз буџетот за проектот | ||
Менаџер за истражување и анализа на пазарот | Вера Куртевска | Прави оценување на влијанието на промената врз употребливоста на системот и прилаголивоста на пазарот |
3. ОДГОВОРНОСТИ
Одговорните лица за секој чекор во процесот за управување со промени се опишани во табела за опис на побарани промени