wiki:About

еГлас

Членови на тимот

  • Давид Арсов 211012
  • Игор Гошев 211255
  • Јован Симоноски 212005

Краток опис на проектот

Проект - веб апликација за електронско спроведување избори. Апликацијата ќе се состои од неколку секции:

  • внесување на избирачки листи и важечки документи за идентификација
  • внесување избирачки единици и избирачки места
  • спроведување на анонимен процес на гласање
  • аналитички прикази од резултатите и излезноста
  • поднесување и евалуација на приговори

Дополнително, би била достапна архива од сите претходно организирани избори, со целосна статистика за резултатите. Првите две секции ќе бидат достапни за корисници со напредни привилегии (администратори). Во спроведувањето на изборите, учествуваат повеќе типови корисници со различни привилегии, како што се: евидентирање на излезноста, генерирање персонализирани извештаи. Замислата е процесот на гласање да може да се изведува и онлајн, по претходна верификација на документот за идентификација, но и со физичко присуство на избирачкото место, каде наместо класичниот начин, гласањето ќе е преку паметен уред, со тоа што по идентификација од страна на членовите на избирачката комисија, корисникот ќе добие единствен код за идентификација. На овој начин резултатите од излезноста и гласањето би биле веднаш достапни. Делот за приказ на аналитика од гласачкиот процес би бил јавно достапен, односно секој ќе може да пристапи до низа графикони за избраните критериуми. По завршување на гласачкиот процес, сите учесници би имале можност да поднесат приговор кој соодветно ќе биде евалуиран од избирачката комисија. Ова е само првична идеја, која зависно од изборот на рамката за развој и потребниот степен на комплексност може да биде изменета.

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби

Апликацијата би била применлива во сите сфери каде што е потребен систем за спроведување избори, но првично е наменета за „автоматизација“ на процесот на гласање и собирање резултати, како и генерирање статистики за избори во една држава. Соодветно на ова, базата и апликација би ги поседувала и би ги обезбедувала како сервис Државната изборна комисија. Целта е да се намали човечкиот фактор во „позадинскиот“ дел на избирачкиот процес, односно да се овозможи брзо и автоматско генерирање на резултати и различни извештаи, како и да се намали можноста за грешки кои би настанале доколку податоците се внесуваат мануелно. Дополнителна корист која ја имаат гласачите е можноста за електронско гласање, која во нашата апликација ќе биде симулирана преку извесна верификација на документот за идентификација и за да биде реално применлива се потребни дополнителни оптимизации на овој дел.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

Одржувањето на изборите претставува комплицирана и макотрпна процедура со оглед на тоа што се користат рачни методи за броење на гласовите и детектирање на неважечки ливчиња. Овој систем би овозможил подобар и побрз начин на изведување на изборниот процес и брзо добивање на резултати и потребни анализи кои се однесуваат на резултатите и излезеноста. Целосната дигитализација на изборниот процес би овозможила и поголемо задоволство кај граѓаните кои би имале можност да гласаат од комфортот на своите домови без притоа да има потреба од макотрпни процедури и чекања на физичките изборни места. Дополнително би се автоматизирал процесот на архивирање на резултатите од секоја реализација на избори без истите рачно да се внесуваат во одреден систем откако истите ќе бидат изброени и евидентирани.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Корисниците на апликацијата би биле одговорните за спроведување на избирачкиот процес и гласачите, поделени во групи со различни привилегии, Одговорните за ажурирање на податоците околу гласачите – избирачки список, документи за идентификација, комисии и слично, се корисници со напредни привилегии – администратори. Истите, ќе може да ги менуваат податоците во избирачкиот список за секоја реализација на изборите, да ги менуваат податоци од суштинска важност за реализација на изборите, како што се оние за избирачките места, изборните единици, Дополнително ќе може да назначуваат состави на комисиите, да внесуваат партии-учесници на соодветната реализација и да генерираат инстанци (одржување) на соодветни избори. Членовите на комисиите, одговорни за одредено избирачко место, имаат пристап до списокот на гласачи за тоа место, со увид во тоа дали конкретниот гласач гласал на соодветните избори, но и привилегии да генерираат код за идентификација за гласање со физичко присуство. Освен тоа, ќе им биде овозможено и рачно дополнување на податоците за излезност/резултати во случаи на спреченост за користење на електронскиот систем. Партиите кои претходно, од страна на администраторот, ќе бидат внесени како учесници, ќе имаат можност да назначат свои кандидати и да поднесат кандидатски листи за изборната единица во којашто учествуваат. Гласачите имаат привилегија да гласаат доколку се уредно запишани на избирачкиот список. Секој останат корисник ќе има можност во реално време да ги следи достапните статистики, најпрвин за излесноста, во текот на гласањето, а потоа и за резултатите.

Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Во Република Македонија се користи слично решение за обработка на податоците од изборите, но самиот процес на гласање се одвива на класичен начин, со задолжително физичко присуство и на хартија, при што одговорните ги внесуваат податоците во апликацијата. Нашето решение, како што е наведено и претходно, би овозможило електронско гласање, при што потребата од човечка интервенција би била сведена на минимум и резултатите би се добивале веднаш со практично никаква шанса за грешка.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Проектот е планирано да се изработува како веб-апликација.

Last modified 6 months ago Last modified on 11/09/23 09:04:53
Note: See TracWiki for help on using the wiki.