wiki:Дефинирање на проектот

Детален опис на проектот

За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Овој проект ќе биде наменет за клиенти кои поседуваат фитнес центри и сакаат да ги понудат своите услуги на поширок спектар.Базата на податоци ќе ја менаџира компанијата која ќе ја користи апликацијата и ќе може таа да ги извршува сите функционалности кои ги нуди базата: додавање, бришење, уредување и ажурирање на услугите.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Апликацијата ја олеснува работата со тоа што ги елиминира телефонските повици за различни прашања, резервации и слично. Понатаму функционира и како алатка за маркетинг на фитнес центрите на клиентите и дава лесен пристап кон било каква информација поврзана со истите.

Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Во поглед на клиентите, на нашата апликација клиент може да биде личност која има потреба од услуга на фитнес центар. За да направи резервација потребно е корисникот да се најави, а во случај да нема сметка на апликацијата директно може да резервира со еднократна наплата само за активноста која ја посакува. По најавата, апликацијата ќе го води клиентот чекор по чекор до успешна резервација. Со селектирањето на соодветниот фитнес центар и избирање на активност, се креира резервацијата, а по разгледување од страна на администраторот ќе се генерира и наплата. Администраторите ги менаџираат описите, фотографиите од фитнес центрите и слично.

Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Проектот дава олеснителна околина за лесен пристап и резервација на тренинзи, со само неколку клика се добива посакуваниот термин.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација.

Last modified 4 months ago Last modified on 01/10/24 20:32:08
Note: See TracWiki for help on using the wiki.