wiki:WikiStart

Welcome to Kvizko

Систем за решавање квизови

Започнат: ноември 2022

Предмет: Бази на податоци 2022/2023/Зимски

Под менторство на: вонр. проф. д-р Вангел Ајановски и демонстр. м-р Ненад Анчев

Краток опис на проектот

Нашиот тим се залага да развие веб апликација која ќе овозможи решавање квизови. Апликацијата ќе се однесува на повеќе теми, како историја, тривија, информатика и слично. За секоја тема ќе има и поткатегории. Ќе има повеќе квизови поврзани со секоја од поткатегориите. Квизовите ќе бидат составени од повеќе прашања, а истите со повеќе можни одговори. Секој од корисниците ќе може да го решава квизот повеќе пати, така што секој обид ќе биде со уникатен резултат.

При стартување на апликацијата, корисникот ќе има можност да се најави со свои корисничко име и лозинка, а ако нема сметка ќе има можност да се регистрира. Доколку не е најавен, Ќе има и можност да решава ограничен број квизови, но резултатите од овие квизови нема да бидат зачувани и за истите нема да може да се добијат награди, како на пример значки. За корисникот да може да решава квизови, ќе треба да селектира одредена тема и за таа тема да одбере соодветна поткатегорија.

Членови на тимот

Име и презиме Индекс
Климент Шуканов - координатор 201100
Стефан Ристески 201060
Петар Пуцоски 201187

Фази и координација

Фаза Име на фаза Статус
Ф0 Дефинирање на проектот Одобрено
Ф1 Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања Одобрено
Ф2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) Одобрено
Ф3 Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата- SQL Погледи Одобрено
Ф4 Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) Одобрено
Ф5 Прототип апликација - Основни функционалности Одобрено
Ф6 Нормализација и подобрувања на дизајнот Не е започнато
Ф7 Напреден апликативен развој Не е започнато
Last modified 3 months ago Last modified on 01/29/24 19:50:43

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.