MusicBuzz
Краток опис:
Нашиот проект ќе претставува апликација за слушење на музика. Во оваа апликација ќе имаме 2 типа корисници: слушател и уметници . За нив ќе се чуваат и неколку дополнителни информации. Секој слушател ќе може да си одреди своја преференца за музика, а секој уметник ќе може да додаде свое дело. Песните се дело од некој уметник и тие се дел од некој албум. Друг тип на дело кое може да се додаде од страна на уметник е и подкастот. Секој подкаст содржи една или повеќе епизоди. Главната идеја на оваа апликација е да предлага нови песни кои се совпаѓаат со преференцата на клиентот а сепак тој да ги нема слушнато претходно. Доколку некоја песна му остави посебен впечаток, корисникот има опција да остави коментар и оценка за музичкото дело. Покрај албумите, песните може да припаѓаат и во различни плејлисти до кои може да пристапи секој. Подкастите припаѓаат на некоја категорија. Слушателот ќе има опција и да следи повеќе уметници, со цел да биде информиран доколку некој уметник објави ново дело кое би му се допаднало на слушателот. Ова е исто корисно и за уметниците, да можат да видат колку луѓе се нивни обожаватели. Уметниците исто така може да објават идни настани - live stream или концерт. На секој live stream слушателите можат да споделат реакција.
Членови на тимот:
- Борис Џотов 185022
- Илза Гаши 20006
- Милена Кукољ 186085
- Иван Трајков 186121
Предмет: Бази на податоци во 2023/2024/Зимски
Под менторство на: проф. д-р Вангел Ајановски и тутор Стефани Кулебанова
Содржина:
Задача / Фаза | Линкови до страници за фазата | Статус |
---|---|---|
P0 | About | Одобрено од тутор |
Р1 | ERModel | Одобрено од тутор |
Р2 | RelationalDesign | Одобрено од тутор |
Р3 | UseCaseModel | Одобрено од тутор |
Р4 | AdvancedReports | Завршено, се чека одобрување |
Р5 | UseCaseImplementations | Завршено |