Краток опис на проектот
Базата ќе вклучува информации за проектите на кои работи корисникот и задачите потребни за негово завршување, потсетници, процент на завршеност, и кориснички етикети. Проектот ќе обемнува разработка на комплетна мобилна апликација за управување со проекти и задачи за истите, со фокус на едноставност, брзина и удобност за корисниците. Во продолжение на проектот, ќе работиме на подобрување на функционалностите и прилагодување на потребите на корисниците.
Членови на тимот
Виктор Кузманов 183101
Детален опис на проектот
Целта на мојата база и апликација е да обезбедат ефикасен систем за управување со задачи и проекти. Оваа апликација ќе биде наменета за широк спектар корисници, вклучувајќи фирми, институции и поединци кои имаат потреба од организација на своите задачи.
За кого е наменета базата на податоци и проектот: Базата и апликацијата се наменети за поединци и фирми кои бараат ефикасен систем за управување со задачи. Овие корисници ќе имаат можност да поседуваат и користат базата на податоци и апликацијата како сервис, што ќе им обезбеди брз и лесен пристап до нивните задачи и проекти.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка: Со мојата апликација, се наменува да се реши проблемот на неефикасното управување со проекти и задачи и недостатокот на нивна јасна организација. Преку детален систем за организација и следење, корисниците ќе можат да подобрат својата продуктивност и да го искористат своето време на најефикасен начин.
Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот: Типовите корисници вклучуваат вработени во фирма како и секој поединец кој сака систем за организацијата за неговите проекти и задачи.
Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог: Todoist
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација: Проектот е мултиплатформски и обезбедува пристап преку веб и мобилни уреди, што го прави флексибилно решение прилагодено на различните потреби на корисниците.