wiki:Analysis

Version 1 (modified by 181129, 3 years ago) ( diff )

--

8bitify - Рекреирање на позната песна во 8bit стил т.е потсетувајќи на звук и стил на звучни чипови од 80тите.

Анализа и транскрибирање


Обично, за популарни песни може да се најде MIDI фајл онлајн за да поможе со анализата, но после исцрпно пребарување се после првиот Verse беше зад paywall, поради тоа оваа фаза стана по оптоварувачка. Единствен алат беше нашиот слух и општите информации за песната.

Анализа

Темпо, Скaла и Такт


Првично, неопходно е да ги поставиме трите суштински елементи на една песна:

  1. Темпо (BPM)
  2. Скала
  3. Такт

За овие елементи има ресурси онлајн кои помогнуваат со отриквање на нивните вредности, со кои после нашата сопствена анализа, ќе ги искористиме за проверка.

Темпо (BPM)


Темпо е дефинирано како израз во музиката за да се опише брзината на кој изведувачот треба да го изведе музичкото дело. Во кратки зборови, и начинот на кој музичкиот софтвер го разбира темпото е по BPM, односно удари по минута. Самообјаснувачки тоа кажува колку удари има во рок од една минута.

Со цел да го одредиме тоа, искористивме "Tap BPM" алатка, која овозможува со удар на копче да изрази колку BPM правиш. Ова заедно со слушање на песната, слушајќи блиску на тапаните особено, ни даде вредност од 115 BPM. https://anotherproducer.com/online-tools-for-musicians/bpm-calculator/

IMAGE HERE

Притоа, со користење на алатката https://getsongbpm.com/, ја ставивме песната да се анализира за да направиме crosscheck на нашиот резултат.

IMAGE HERE

Со ова потврдување заклучивме дека темпото на песната изнесува 115 BPM.

Скала (Key)


Скалата во музика, во контекст на вообичаена пракса, повеќето или сите мелодии и хармонии на музичко дело се изградени со користење на белешки на една скала, која може да биде погодно претставена со стандарден клуч за потпишување. Знаејќи ја скалата ќе ни помогне многу со транскрибирањето, бидејќи ќе ни даде слика на кои ноти ни се „достапни“ за да не направиме грешка во слушањето.

Со цел да го одредиме тоа, едноставен начин е да се видат сталните предзнаци т.е арматурата на партитурата (sheet music) на песната. За среќа, на интернет најдовме првата страна од партитурата на песната и ја искористивме за нашата анализа.

image here

Но, тоа не ни ја кажува цела приказна. На партитурата не кажува предзнаци, односно тоа значи дека песната е или во C Major (Це-Дур), или во A Minor (А-Мол) што е релативната скала на C Major.

За да го решиме последното парче од сложувалката, ќе ја искориситме алатката https://tunebat.com/

iamge here.

Со дадената информација, заклучивме дека скалата на песната е A Minor (А-Мол).

Такт


Такт е мал дел од музичка композиција која содржи силни (нагласени) и слаби (ненгласени) тектови делови (времиња).

Наоѓањето на тактот е прилично лесна работа, едноставно огромното мнозинство на поп песни користат 4/4 такт, кое можиме да го потврдиме и со партитурата на песната.

Заклучно тактот на песната е 4/4.

Attachments (6)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.