wiki:Synths_Samples

Version 3 (modified by 181129, 2 years ago) ( diff )

--

Креирање и селекција на синтисајзери/samples


Селекцијата на синтисајзери и samples е многу важен аспект во ваков проект. Не само што општо ќе диктира самата песна како ќе звучи, но и самата автентичност на тој 8-bit звук на кој го бараме.

Основа на 8-bit звукот


Звукот кој го бараме наликува на 8-bit компјутерите/конзоли. Можеби најзначајниот хардвер на тој период беше NES (Nintendo Entertainment System). Воведе нова ера после падот на видео игрите во 1983, и вклучително отвори вратите на сегашната околина и култура на видео игри.

Клучен аспект на NES беше музиката што беше креирана за конзолата. Светско позната за креативноста и максимално користење на Ricoh 2A03 аудио чипот што беше во него, што сеуште ги донесе најпопуларните музики во видео игри. Кој не ја знае мелодијата на оригиналната Super Mario Bros.?

Со тоа кажано, едноставна беше одлуката за реплицирање на овој аудио чип.

Аудио канали на 2A03


Ricoh 2A03 има 5 аудио канали.

  • 2 Pulse Wave канали со 3 duty cycles (12.5%, 25%, 50%) т.е должина на пулсот.
  • 1 Triangle Wave канал, без контрола на глас.
  • 1 Noise канал, LFSR-based Noise generator
  • 1 DPCM канал, 1-битен.

Синтисајзери/Synths

Synth Bass


Првиот синтисајзер што го одбираме е Synth Bass.

За бас звук, мнозинството песни генерално го користат Triangle Wave каналот.
Во Sonic Pi има Triangle моделиран по 2A03.

Користејќи го овај synth, заедно со сетирање на неколку параметри, вклучувајќи:

  • env_curve: 6 | Сетирање на крвината помеѓу нивоа да е square.
  • release: 2 | Сетирање на поголем sustain level на звукот.

добиваме идеален Synth Bass.

Synth Lead/Vibraphone


Следниот синтисајзер што го одбираме е Synth Lead/ Vibraphone.

За lead звуците, ќе ги симулираме двата Pulse Wave канали т.е Sonic Pi пак има Pulse Wave моделиран по 2A03.

Користејќи го овај synth, заедно со сетирање на неколку параметри, вклучувајќи:

  • amp: 1.5 | Сетирање на амплитудата т.е гласноста на звукот.
  • release: 2 | Сетирање на поголем sustain level на звукот.

добиваме идеален Synth Lead/ Vibraphone.

Piano


Последниот синтисајзер што го одбираме е Piano.

Овој synth всушност би бил тежок да се изведи на base NES конзолата, ќе треба да се користи дополнителен аудио чип на самиот cartridge, но сепак го имплементираме за да му дадеме повеќе fullness на звукот.

За тоа првично ќе го користиме Piano synth во Sonic Pi.

Но, ова на само ќе звучи како генерално пиано, за цел да звучи 8-bit користиме ефектот Bitcrusher, што намалува sample rate на звукот.

Со тоа добиваме 8-bit Piano звук.

Samples

Тапани/Percussion


Доследно гледајќи го 2А03, уште DCPM и Noise каналот ни остана за користење.

Noise каналот ќе го искористиме за Closed Hi-Hat.
DCPM каналот притоа, зема DCPM sample секој такт, што овозможува да користиме за Bass Kick и Snare, и нема да претстави проблем, бидејќи двата звуци не се отсвируват заедно во песната.

Во Sonic Pi за да го постигнеме овој звук, првично ќе користиме вклучените samples од сите три елементи од тапаните: drum_bass_hard, drum_snare_hard, drum_cymbal_closed.

Следно му ставаме параметар на rate. Тоа прави да се отсвири со помал rate of speed, што симулира границата на колку долги можеа да бидат тогашните samples.
Притоа, најважно му додаваме веќе дискусираниот ефект нa Bitcrusher, што намалува sample rate на звукот и ни дава автентичен звук на 1-bit NES sample на тапани.


Со тоа ги симулираме сите канали на NES sound chip и добиваме инструменти за креирање на песната во 8-bit style.

Attachments (5)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.