Членови на тимот
| Име и презиме | Индекс |
| Михаела Ковчегарска - координатор | 231068 |
| Јована Мечева | 231124 |
| Емилија Костова | 231107 |
Краток oпис на проектот
Проектот се фокусира на дизајн и имплементација на информациски систем за платен промет на банкарски шалтер, кој овозможува едноставно и ефикасно управување со финансиски трансакции, како уплати, исплати и трансфери помеѓу сметки. Системот овозможува лесно работење со клиенти, нивните кориснички сметки и вработени, со јасно следење на статусот, активностите и историјата на трансакциите. Покрај тоа, системот обезбедува алатки за евиденција и ревизија преку дневни извештаи и следење на работата на шалтерите, со цел да се зголеми сигурноста и транспарентноста во работењето. Исто така, системот поддржува управување со кредити, вклучувајќи следење на отплати, каматни стапки и процесот на одобрување, овозможувајќи поефикасно и попрегледно работење со кредитните барања.
Детален опис на проектот
Овој проект се однесува на развој на современ информациски систем кој ќе го олесни и унапреди работењето на банкарските шалтери.
Главната цел е да им се помогне на вработените во банката поефикасно да ги извршуваат секојдневните задачи, а на клиентите да им се обезбеди побрза и посигурна услуга. Преку системот ќе може да се вршат уплати, исплати и трансфери помеѓу сметки, при што секоја трансакција автоматски се зачувува со сите потребни детали.
Дополнително, системот вклучува и дел за управување со кредити. Тоа им овозможува на банките полесно да ги обработуваат кредитните барања, да одобруваат кредити и да ги следат отплатите. На овој начин, сите информации поврзани со кредитите се на едно место и лесно достапни.
Системот е дизајниран така што различни корисници имаат различни нивоа на пристап. На пример, вработените на шалтер можат да извршуваат трансакции, додека администраторите управуваат со целиот систем. Исто така, постои можност за генерирање извештаи и следење на состојбата на сметките во реално време.
1. За кого е наменет проектот и кој ќе биде сопственик?
Овој систем е наменет за банкарски институции. Тие би биле сопственици на системот и би го користеле како главна алатка за управување со шалтерското работење и кредитирање.
2. Кои проблеми ги решава системот?
Системот првенствено е наменет за поддршка на шалтерските услуги и кредитирањето, при што претставува поедноставен модел на дел од реален банкарски систем. Неговата имплементација не воведува нови функционалности, туку овозможува јасно структурирање и организација на постојните процеси.
Со користење на системот се постигнува:
- организирано и прегледно извршување на шалтерските активности
- централизирана евиденција на трансакции и кредитни активности
- лесен пристап до информации за сметки, трансакции и кредити
На овој начин, системот не е наменет за решавање на конкретен проблем, туку за подобро претставување и организирање на постојните процеси. Тој опфаќа сегмент од реален банкарски систем и служи како модел за управување со шалтерските услуги и кредитирањето.
3. Типови на корисници на системот
Системот ќе го користат различни групи на корисници:
Корисниците на системот се поделени во повеќе групи според нивните работни позиции и одговорности во банката, при што секоја група има различно ниво на пристап и овластувања.
- Администратори (Administrators) – Regional Manager (Регионален менаџер), System Administrator (Систем администратор), Database Administrator (Администратор на база на податоци). Тие имаат највисоко ниво на пристап и се одговорни за управување и одржување на системот.
- Менаџмент (Management) – Branch Manager (Филијален менаџер), Operations Manager (Оперативен менаџер), HR Manager (Менаџер за човечки ресурси), HR Specialist (Специјалист за човечки ресурси), Financial Analyst (Финансиски аналитичар), Accountant (Сметководител), Marketing Specialist (Маркетинг специјалист), Sales Officer (Службеник за продажба). Тие имаат пристап до извештаи и анализа на работењето.
- Шалтерски вработени (Tellers) – Teller (Шалтерски службеник), Cashier (Касиер). Тие директно работат со клиенти и извршуваат основни трансакции како уплати, исплати и трансфери.
- Корисничка и кредитна поддршка (Customer Service) – Customer Service Representative (Претставник за корисничка поддршка), Personal Banker (Личен банкар), Loan Officer (Службеник за кредити), Credit Analyst (Кредитен аналитичар), Mortgage Specialist (Специјалист за хипотеки). Тие обработуваат барања од клиенти и управуваат со кредитни активности.
- Ревизија и контрола (Audit & Compliance) – Risk Analyst (Аналитичар за ризик), Compliance Officer (Службеник за усогласеност), AML Specialist (Специјалист за спречување перење пари), Internal Auditor (Внатрешен ревизор). Тие се задолжени за контрола, проверка и следење на усогласеноста со правилата.
- ИТ поддршка (IT Support) – IT Support Specialist (Специјалист за ИТ поддршка). Одговорен е за техничко одржување и поддршка на системот.
- Клиенти – го користат системот преку услугите на банката
4. Разлика од постоечки решенија
Иако постојат многу банкарски системи, овој проект се издвојува по тоа што е дизајниран да биде лесен за разбирање и надградба, а воедно ги комбинира клучните функции – платен промет и кредитирање – во една целина.
5. Тип на апликација
- Системот е замислен како веб апликација.
