wiki:usecaseimplementations

Version 10 (modified by 201166, 16 months ago) ( diff )

--

Имплементација на кориснички сценарија

Клиент

ID Use case
1 Прави резервација
2 Прави нарачка
3 Прави преглед на резервации
4 Прави преглед на нарачки
5 Откажува резервација
6 Откажува нарачка

Администратор

ID Use case
1 Прави резервација
2 Прави нарачка
3 Прави преглед на резервации
4 Прави преглед на нарачки
5 Откажува резервација
6 Откажува нарачка
7 Блокира термин
8 Менува статус на нарачка

Корисничко сценарио "Клиент прави резервација"



Корисникот оди на страната за резервации и најпрво избира датум и тип на резервација. Системот ги покажува слободните термини за соодвената услуга и корисникот избира од понудените





Најпрво се повикува методот 'getFreeReservations' од контролерот за резервации, при што тој прима параметри за датум и тип на услуга. Системот преку методот 'getFreeReservations' кој се наоѓа во сервисниот слој(service layer) ги наоѓа слободните термини за соодвениот датум и тип на услуга и му ги враќа назад на клиентот преку моделот. Откако клиентот ќе избере соодветен термин и ја направи резервацијата, се повикува методот 'make-reservation' од контролерот за резервации, при што тука се примаат сите параметри за резервацијата. Системот преку методот 'makeReservation' кој се наоѓа во сервисниот слој(service layer), прави објект од 'ReservationEntity' и го зачувува во базата. Во самиот објект, ги имаме сите информации за резервацијата(датум,тип,време,од кој корисник е направена резервацијата итн.)

Корисничко сценарио "Клиент прави нарачка"





Корисникот оди на страната за нарачки, ги избира посакуваните продукти и во ShoppingCart ја избира количината на продуктите и прави нарачка











За секој избран продукт од страна на корисникот се повикува методот 'add-to-cart' од контролерот за кошничката , при што се испраќа ИД на продуктот што го избрал корисникот и тој се зачувува во сесијата. При нарачка се повикува методот 'order' од контролерот за нарачки, при што прво се валидираат квантитетите за секој продукт и потоа се повикува методот 'saveOrder' од сервисниот слој, при што се креира објект од тип 'OrderEntity' и се зачувува во базата на податоци. Во самиот објект имаме информации за нарачката(од кој е направена, кога е направена, вкупната цена на нарачката, статусот на нарачката итн.). Исто така, во базата се зачувуваат и деталите на нарачките, кој производ е нарачан и квантитетот за тој производ.На крајот, се бришат сите информации за нарачката од сесијата на самиот корисник

Корисничко сценарио "Администратор прави преглед на резервации"



Администраторот прави преглед на резервации за соодветен тип на услуга и датум







Attachments (14)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.