BookNest
Краток опис на проектот
BookNest – Book Organization and Operations for Knowledge with Navigation, Efficiency, System and Technology е систем наменет за управување со библиотека кој им помага на вработените поефикасно да ги организираат книгите, корисниците и позајмувањата.
Базата на податоци во рамки на системот содржи различни типови на податоци поврзани со работењето на библиотеката, при што се чуваат информации за книги, како што се наслов, автор, категорија и статус на достапност, како и податоци за автори, издавачи и категории со кои книгите се поврзани. Дополнително, системот содржи податоци за корисници, нивните улоги (администратор, библиотекар и член) и нивните членства.
Во рамки на системот се овозможува лесно пребарување на книги според различни критериуми, што овозможува брзо пронаоѓање на потребната литература. Системот ја следи достапноста на секој примерок и им овозможува на корисниците да резервираат книги.
Дополнително, во базата се евидентираат трансакциски податоци како позајмување, враќање и резервација на книги, при што системот автоматски ги следи роковите, испраќа потсетници и пресметува казни при доцнење. Покрај тоа, се чуваат и податоци за активности на корисниците, како пребарувања и прегледи на книги, што овозможува полесна анализаи генерирање извештаи, со што се подобрува целокупното управување со библиотеката.
Тим
Ивана Дачевска 231077- координатор
Ивана Апостолова 231076
Вероника Иванова 231073
Курс
Kурс: Напредни бази на податоци во 2025/2026/Летен
Под менторство на: проф. д-р Вангел В. Ајановски
Aсистент: Ненад Анчев
Содржина
| Phase | Link | Status | Date |
| P0 | AboutProject | завршено | 03.03.2026 |
| P1 | RelationalModel | завршено | 25.03.2026 |
| P2 | DatabaseCreation | во процес | |
| P3 | QueryOptimization | не е започнато | |
| P4 | DatabaseProgramming | не е започнато | |
| P5 | DatabaseCreation | не е започнато |
Attachments (1)
- logo.png (6.1 KB ) - added by 5 weeks ago.
Download all attachments as: .zip
