| Version 4 (modified by , 24 hours ago) ( diff ) |
|---|
Database Creation
Во фазата Database Creation беше реализирана архитектурата на базата преку моделирање на 30 табели, кои ги опфаќаат основните ентитети и меѓутабелите за M:N релации. Исто така беа креирани 9 VIEWs за полесен пристап до податоците и поддршка на најчесто користените функционалности во системот.
DDL
VIEWS
Опис на погледите
view_admin
Овој поглед е наменет за административен увид и следење на обврските на членовите. Обезбедува преглед на членовите на библиотеката и нивната активност, односно ги прикажува корисничките информации, бројот на извршени позајмувања, бројот на неплатени казни и вкупниот долг за секој корисник.
view_myreservations
Овој поглед ги прикажува сите резервации на книги и ги содржи информациите за наслов на книгата, датум на резервација, рок на важност и моментален статус на резервацијата.
view_currentloans
Во овој поглед се прикажуваат активните позајмувања на книги кои се уште не се вратени. Покрај основните податоци за книгата, се прикажува и бројот на преостанати денови до рокот за враќање.
view_bookcatalog
Во овој поглед за секоја книга се прикажува автор, категорија, жанр, издавач и година на издавање, за полесен преглед на библиотеката.
view_mynotifications
Овој поглед овозможува преглед на сите известувања испратени до корисниците. Содржи информации за типот на известување, статусот и времето на неговото креирање.
view_userborrowhistory
Историјата на позајмувања за секој корисник се прикажува во овој поглед. Покрај информациите за книгата и датумите на позајмување, содржи и пресметки за времетраење на позајмувањето и доцнење при враќање, доколу има.
view_bookmonthly
Во овој поглед се прави статистика за најпрегледуваната книга во секој месец. Со користење на агрегатни функции се добива книгата со најголем број прегледи за секој месец и година.
view_upcomingevents
При овој поглед се прикажуваат сите претстојни настани организирани од библиотеката. Освен основните информации за настанот, се прикажува и статусот на достапност врз основа на бројот на слободни места.
view_myfinesandfees
Овој поглед обезбедува преглед на активните казни и финансиски обврски на корисниците и за секоја книга се прикажува изречената казна, нејзиниот износ, статусот и рокот за плаќање.
Attachments (2)
- DDL.sql (12.8 KB ) - added by 25 hours ago.
- VIEWS.sql (4.2 KB ) - added by 25 hours ago.
Download all attachments as: .zip
