Changes between Initial Version and Version 1 of CinemaDB/Faza0


Ignore:
Timestamp:
04/17/26 21:48:00 (2 weeks ago)
Author:
233280
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • CinemaDB/Faza0

    v1 v1  
     1= Фаза 0 – Опис на проектот
     2== Опис на фаза
     3Краток опис на проектот (пола страна до страна)
     4
     5== Документација од фаза
     6
     7Проектот претставува развој на комплексна релациона база на податоци наменета за управување со работењето на едно модерно кино. Главната цел на системот е да обезбеди организирано складирање, управување и анализа на податоците поврзани со кино индустријата. Во рамките на проектот ќе се дизајнира база на податоци која ќе содржи околу 21 меѓусебно поврзана табела. Таблиците ќе ги опфаќаат сите важни аспекти на функционирањето на едно кино. Дел од нив ќе содржат податоци за филмовите, нивните жанрови, режисери и актери. Други таблици ќе ги опишуваат киното, салите и седиштата, со што ќе се овозможи прецизна организација на просторот и капацитетот на секоја сала. Дел од базата ќе биде наменет за проекциите, каде ќе се чуваат информации за тоа кој филм се прикажува, во која сала и во кое време. Овие таблици ќе бидат директно поврзани со таблиците за билети и резервации, преку кои ќе се следи кои седишта се резервирани или продадени и од кои корисници. Дополнително ќе постојат таблици за корисници, плаќања и нарачки, со што ќе се овозможи евиденција на купувањата и финансиските трансакции. Базата исто така може да содржи таблици поврзани со вработени, нивните улоги и активности, како и таблици за рецензии на филмови, специјални настани и продажба на производи од кино барот.