wiki:Vision

Vision

1.Introduction
Овој информациски систем ќе ја обработува областа на фотографијата, нудењето на фотографските услуги како и следењето на процесот на креирање на краен резултат од страна на клиентот. Бидејќи фотографијата како област и како вештина е доста променлива и сензитивна во поглед на вреднување и формирање на исходот, се јавуваат неколку конкретни и чести проблеми кои треба да се адресираат. Таргет група ќе претставуваат сите баратели на услуги, понатаму во системот - клиенти, кои имаат одредени барања поврзани со фотографија или видеографија. Имено, во склоп на самиот систем, за поверодостојни и податоци кои се поблиски до реалниот свет, анкетирани се десетина стручни лица на кои им беше побарано да ги наведат најчестите (најкруцијалните) проблеми со кои се среќаваат при работа со клиенти, со цел да се конструира овој информациски систем.

1.1 Purpose
Целта во склоп на овој документ и при креирање на самиот информациски систем претставување адресирање на главниот или главните проблеми како лоша комуникација помеѓу нарачателот и давателот на услуги или пак брза испорака за ниска цена (несоодветна понуда која не ги задоволува двете страни).

1.2 Scope
Тука, опсегот на самиот проект подразбира подобрување и олеснување на комуникацијата и барање на начини за да се забрза цел процес, од самата идеја до реализацијата на финалниот продукт.

1.3 Definitions, Acronyms, and Abbreviations
Единствено во овој член, примарна скратена верзија на давателите на услуги кои ги извршувате зададените тасковите може понатаму во текстот да се нарекуваат како фотографи и покрај што извршуваат повеќе задачи. Дополнително се среќаваме со уште една скратена верзија каде што нарачатели на услуги ќе бидат познати само како клиенти кои подоцна ќе бидат категоризирани во повеќе групи соодветно.

1.4 References
Референците се единствено лични искуства и лица колеги кои се занимаваат со истата/сличната област и се среќаваат со истите/сличните проблеми. Не постои строги правила и строги референци за оваа тематика бидејќи дискусијата е разновидна и посензитивна.

1.5 Overview
Приказ на услугите во областа на фотографијата, креирање на проект и комуникација со клиенти.

2.Positioning
2.1 Business Opportunity
2.2 Problem Statement

The problem of лоша комуникација помеѓу клиент и фотограф/видеограф
affects најмногу е засегнат фотографот/видеографот со оглед на
тоа што целиот труд, товар и договор отпаѓа на него.
the impact of which is како последица на тоа е самиот стрес предизвикан од лошата
комуникација и непочитување на договорот.
a successful solution would be претходно наведени јасни и концизни кориснички барања,
креирање на договор, по можност во пишана форма
каде се наведени сите членови и потточки, и
почитување на истиот.

2.3 Product Position Statement

For Ги таргетира сите заинтересирани клиенти на кои им се потребни услуги во областа на фотографијата и видеографијата
Who правење на фотографии како и сите видови на фотографски и видео услуги, од типот на свадби , концерти, фестивали и слично.
The(Creative Studio) правење на фотографии како и следењето на процесот при нивно креирање
Thate информациски систем кој го забрзува резервирањето во одреден временски период од страна на клиентот и формирањето на договор за фотографски услуги.
UnlikeОд другите системи Creative Studio е колектива односно групација на стручни лица, кои можат и понатаму да работат независно, но со ова студио им се загарантира договорениот термин со клиентот.Со вакво реервирање се избегнуваат сите лабилни вербални договори помеѓу клиентот и фотографот, се овозможуваат попусти за одредени пакети, но и се загарантира процент на приход во случај на откажување(аванс).
Our productовозможува правење на фотографиите во рекордно време,се овозможуваат попусти како и се овозможува резервирање а одреден временски период.

3.Stakeholder and User Descriptions
Stakeholders или попотзнати како чинители на услугите можат да стапат во интеракција со заинтересирани лица за одредени фотографски или видеографски услуги. Примарните чинители би биле самите даватели на услуги, односно понатаму во текстот познати како фотографи/видеографи. Овие чинители го креираат производот, и со повеќе ревизии, го добиваат финалниот производ. Дополнителни чинители кои се индиректно поврзани со оваа област се сервисерите, добавувачите и продавачите на фото/видео опрема, кои немаат директен контакт со самите корисници туку се наоѓаат во ланецот пред фотографите. И самите муштерии можат да бидат исто така чинители, затоа што во нив се состојат самите инвеститори, како директори на фирми, одговорни лица, уредници, менаџери и слично, кои ги прават влоговите во склоп на понудата. Од друга страна, корисници би биле сите оние личности кои би ги користеле готовите производи (фотографиите/видеата) креирани од самите чинители или попрецизно фотографите. И по дефиниција, баш тоа се корисниците – сите што го користат продуктот на давателот на услуги. Притоа, дел од авторските права задржува самиот примарен чинител на услугите, а дел отпаѓа на корисниците, затоа што при креирање на фотографската понуда, тие всушност прават откуп на финалниот производ овозможен од фотографот.

3.1 Market Demographics
Кога се однесува за демографијата при областа на фотографијата, нема специфична старосна група која треба да биде посочена или прецизирана. Од самите претходни искуства, се стига до заклучок дека маркетот е огромен и не е ограничен или не таргетира конкретно група на луѓе. Имено, при резимирање, сите нарачетели на услуги, понатаму во текстот – клиенти, се согледува дека се 18 години или повеќе, иако не постои никаква рестрикција околу истото. Дополнително, битен детаљ кој треба да биде вклучен е тоа што малите почетни бизниси и претпријатија кои имаат потреба од фотографски услуги и се во случајот клиенти, имаат доста влогови за почеток на својот бизнис, па често се наидува на пречка при составувањето на понудата за фотографирање. При тоа, во просек, тука се вклучени сите младинци, односно периодот на т.н. early adulthood, во 20тите и 30тите години од животот. Наредната група би биле стабилни бизнис личности, кои ги прифаќаат сите дадени понуди, се со цел побрзо да се заврши услугата и да се добие финалниот производ. Самата професија наложува среќавање со секакви типови на личности. Доколку постои избор, во тој случај би се креирало категорија на луѓе кои сакаат да ја продолжат соработката, се задоволни од услугите и на истите им одговара дадената понуда.

3.2 Stakeholder Summary

Name Description Responsibilities
Добавувачи / продавачи на фото и видео опрема Овие чинители им нудат на давателите на услугите т.е.
фотографите соодветна фото опрема
според нивните потреби и
барања и понуден буџет.
Продавачите во соодветни фото
центри, продавници и фото студиа
имаат за задача да:
- ги нудат најдобрите производи на купувачите
(самите фотографи)
-обезбедат стабилна и долготрајна соработка
со надежни купувачи.
-понудат дополнителни услуги и попусти во
склоп на продаваниот производ.
-се прилагодат на барањата на самите купувачи
(во просек да има повеќе примероци од поевтини
производи, а помалку примероци од поскапи
производи).
Сервисери Лица задолжени за сервисирање и одржување на
фото/видео опремата
Со оглед на тоа што уредите и апаратите
се користат, потребно е нивно редовно
и постојано сервисирање. Според тоа, сервисерите
имаат за задача да:
-ги прифатат и дијагностицираат оштетените делови.
-да направат понуда за најефективно и најефикасно
сервисирање со цел да се добие назад опремата што побрзо.
-понудат дополнителни услуги и попусти во склоп на сервисираниот
производ.
-споделат совети за подолготрајно и покоректно користење
на самата опрема.
Фотографи Примарните чинители на услуги кои ги обавуваат сите задачи
зададени од страна на клиентите
-почитување на роковите.
-придржување на договорот претходно дефиниран.
-задоволување на потребите и барањата на клиентот.
-да ги испорачуваат финалните продукти на клиентот и само
на клиентот со цел придржување на договорот.

3.3 User Summary

Name Description Responsibilities
Клиенти Овие корисници се самите баратели на услуги, на готовиот
производ кои ги имаат правата на фотографиите
за нивно користење.
-да ги користат фотографиите според договорот (интерни или екстерни цели).
-да биде давателот на услуги експлицитно наведен.
-да задава одредени кориснички барања пред почетокот на
фотографирањето со цел попрецизна и подобра крајна фотографија.
-да не ги злоупотребува, реискористува или препродава веќе готовите
фотографии.
ФотографиПримарните чинители на услуги кои ги обавуваат сите задачи
зададени од страна на клиентите
-почитување на роковите.
-придржување на договорот претходно дефиниран.
-задоволување на потребите и барањата на клиентот.
-да ги испорачуваат финалните продукти на клиентот и само
на клиентот со цел придржување на договорот.

3.4 User Environment

Кога зборуваме за исполнување и извршување на одредени фотографирања, може да се направи груба поделба во две подкатегории, и тоа каде што:

-ги имаме индивидуалните инвеститори, оние кои се чинители и крајни корисници, ги добиваат фотографиите за себе, ги користат за себе и за свои потреби, на социјални мрежи и
за прикажување на нов промо материјали.

-ги имаме инвеститорите кои се само нарачатели на фотографските услуги на фотографот но најчесто не се физички присутни или вклучени во финалниот производ (како на пример
директор на фирма или организатор на концерт или фестивал каде што се фотографираат вработени или музичарите соодветно.

-и од друга страна секогаш стои фотографот како единец кој ја прави сета комуникација, договарање и креирање на понуда сам.

Потребното време земено во просек е околу 2 часа за фотографирање, со прифатлива понуда за секој клиент и уште 2-3 часа од истиот или наредниот ден за финална селекција,
обработка и постпродукција на самите фотографии или видеа.

-Ова се променува доколку се работи за видео спот или моден едиторијал или политичка кампања или студиска фотосесија.

За комплетирање на задачите односно фотосесиите не постојат одредени ограничувања, за тоа каде локациски да се извршат или пак кога во текот на денот да се направи.
Се разбира, во екстремни временски непогоди, фотографирањето би се преместило во друг термин на затворен простор, иако не постоело соочување со таква ситуација.

Со цел подобри резултати, од страна на фотографот постои директна комуникација помеѓу неговиот апарат и неговиот лаптоп/десктоп. Тука се одвива чекорот со селекција,
обработка, дискусија, преглед и постпродукција на веќе направениот материјал со апаратот. Со оглед на развојот на технологиите, постојано се комуницира со нарачателот или
крајниот корисник преку социјални платформи за креирање на добар производ. Секој клиент си ги добива нарачаните добра преку линк за симнување или по електронска пошта, за
крајот на ланецот да се разграни со исто така користење на лаптоп/десктоп или пак паметен уред.

Last modified 5 years ago Last modified on 05/21/19 15:20:15
Note: See TracWiki for help on using the wiki.