Version 1 (modified by 6 years ago) ( diff ) | ,
---|
Vision
1.Introduction
Овој информациски систем ќе ја обработува областа на фотографијата, нудењето на фотографските услуги како и следењето на процесот на креирање на краен резултат од страна на клиентот.
Бидејќи фотографијата како област и како вештина е доста променлива и сензитивна во поглед на вреднување и формирање на исходот, се јавуваат неколку конкретни и чести проблеми кои треба да се адресираат.
Таргет група ќе претставуваат сите баратели на услуги, понатаму во системот - клиенти, кои имаат одредени барања поврзани со фотографија или видеографија.
Имено, во склоп на самиот систем, за поверодостојни и податоци кои се поблиски до реалниот свет, анкетирани се десетина стручни лица на кои им беше побарано да ги наведат најчестите (најкруцијалните) проблеми со кои се среќаваат при работа со клиенти, со цел да се конструира овој информациски систем.