wiki:Vision

Version 11 (modified by Камчева Форка, 5 years ago) ( diff )

--

Vision

1.Introduction
Овој информациски систем ќе ја обработува областа на фотографијата, нудењето на фотографските услуги како и следењето на процесот на креирање на краен резултат од страна на клиентот. Бидејќи фотографијата како област и како вештина е доста променлива и сензитивна во поглед на вреднување и формирање на исходот, се јавуваат неколку конкретни и чести проблеми кои треба да се адресираат. Таргет група ќе претставуваат сите баратели на услуги, понатаму во системот - клиенти, кои имаат одредени барања поврзани со фотографија или видеографија. Имено, во склоп на самиот систем, за поверодостојни и податоци кои се поблиски до реалниот свет, анкетирани се десетина стручни лица на кои им беше побарано да ги наведат најчестите (најкруцијалните) проблеми со кои се среќаваат при работа со клиенти, со цел да се конструира овој информациски систем.

1.1 Purpose
Целта во склоп на овој документ и при креирање на самиот информациски систем претставување адресирање на главниот или главните проблеми како лоша комуникација помеѓу нарачателот и давателот на услуги или пак брза испорака за ниска цена (несоодветна понуда која не ги задоволува двете страни).

1.2 Scope
Тука, опсегот на самиот проект подразбира подобрување и олеснување на комуникацијата и барање на начини за да се забрза цел процес, од самата идеја до реализацијата на финалниот продукт.

1.3 Definitions, Acronyms, and Abbreviations
Единствено во овој член, примарна скратена верзија на давателите на услуги кои ги извршувате зададените тасковите може понатаму во текстот да се нарекуваат како фотографи и покрај што извршуваат повеќе задачи. Дополнително се среќаваме со уште една скратена верзија каде што нарачатели на услуги ќе бидат познати само како клиенти кои подоцна ќе бидат категоризирани во повеќе групи соодветно.

1.4 References
Референците се единствено лични искуства и лица колеги кои се занимаваат со истата/сличната област и се среќаваат со истите/сличните проблеми. Не постои строги правила и строги референци за оваа тематика бидејќи дискусијата е разновидна и посензитивна.

1.5 Overview
Приказ на услугите во областа на фотографијата, креирање на проект и комуникација со клиенти.

2.Positioning
2.1 Business Opportunity
2.2 Problem Statement
2.3 Product Position Statement
3.Stakeholder and User Descriptions
Stakeholders или попотзнати како чинители на услугите можат да стапат во интеракција со заинтересирани лица за одредени фотографски или видеографски услуги. Примарните чинители би биле самите даватели на услуги, односно понатаму во текстот познати како фотографи/видеографи. Овие чинители го креираат производот, и со повеќе ревизии, го добиваат финалниот производ. Дополнителни чинители кои се индиректно поврзани со оваа област се сервисерите, добавувачите и продавачите на фото/видео опрема, кои немаат директен контакт со самите корисници туку се наоѓаат во ланецот пред фотографите. И самите муштерии можат да бидат исто така чинители, затоа што во нив се состојат самите инвеститори, како директори на фирми, одговорни лица, уредници, менаџери и слично, кои ги прават влоговите во склоп на понудата. Од друга страна, корисници би биле сите оние личности кои би ги користеле готовите производи (фотографиите/видеата) креирани од самите чинители или попрецизно фотографите. И по дефиниција, баш тоа се корисниците – сите што го користат продуктот на давателот на услуги. Притоа, дел од авторските права задржува самиот примарен чинител на услугите, а дел отпаѓа на корисниците, затоа што при креирање на фотографската понуда, тие всушност прават откуп на финалниот производ овозможен од фотографот.

3.1 Market Demographics
Кога се однесува за демографијата при областа на фотографијата, нема специфична старосна група која треба да биде посочена или прецизирана. Од самите претходни искуства, се стига до заклучок дека маркетот е огромен и не е ограничен или не таргетира конкретно група на луѓе. Имено, при резимирање, сите нарачетели на услуги, понатаму во текстот – клиенти, се согледува дека се 18 години или повеќе, иако не постои никаква рестрикција околу истото. Дополнително, битен детаљ кој треба да биде вклучен е тоа што малите почетни бизниси и претпријатија кои имаат потреба од фотографски услуги и се во случајот клиенти, имаат доста влогови за почеток на својот бизнис, па често се наидува на пречка при составувањето на понудата за фотографирање. При тоа, во просек, тука се вклучени сите младинци, односно периодот на т.н. early adulthood, во 20тите и 30тите години од животот. Наредната група би биле стабилни бизнис личности, кои ги прифаќаат сите дадени понуди, се со цел побрзо да се заврши услугата и да се добие финалниот производ. Самата професија наложува среќавање со секакви типови на личности. Доколку постои избор, во тој случај би се креирало категорија на луѓе кои сакаат да ја продолжат соработката, се задоволни од услугите и на истите им одговара дадената понуда.

3.2 Stakeholder Summary
-Name

Note: See TracWiki for help on using the wiki.